Оваа тема е премногу општа. Мислам дека не е за во натпреваров. Каша попара ќе стане од рецепти, некој благо некој солено.. нема ни ред да има а може да се свртат 5 теми во истава. А вафли е сосема ОК иако ова е натпревар во готвење а не во декорирање... Пожелно е да се направени дома вафлите.
@Dust по правило, овие уан-пот милс ќе му дојдат како некое брзо, а донекаде здраво јадење што нема да ти ја растури цела кујна. Нешто во стил - ај во среда после работа ќе готвам тоа, ем ќе јадам нешто убаво, ем нема да биде брза храна. Не ми ни текна дека некој може со торта или блакце да стаса. Или па може таква тема - брз и здрав ручек сред работна недела. Еве и уште темички: - топено сирење - пролетна салата (марула и младо кромитче стил ) - бадеми (може торти, блакца, бомбици но и салати со бадеми) - јадења на грил тава (месо, зеленчук, итн.) Во секој случај, не е проблем, нека се одбере што сакаат другите, затоа дадов повеќе предлози.
Абе јас се правам уан пот Тоа малку ти доаѓа како алтернатива на посложени јадења, ама дефинитивно не функционира за нашата култура. За амери-да, ама за кај нас, кај што си навикнат да збркаш манџичка во тенџерче, баш и не.
Салати може, не знам дали некогаш сме имале тоа. А и како што има сега марули и секакви зелки...why not.
Топено сирење мислам дека ќе биде рај за очи Или растеглив, растопен кашкавал на тесто Па нема подобро
За мене две тафлонски тави дека ти ја отворив кампањата и прва те пофалив . Инаку идејата вафлите ми се свиѓа.А и со бадемите.
Ај вака, чим сите различно викате, ајде да одиме со Пролетна салата, секако ќе се готви и ќе се јаде повеќе таму за Велигден, да не се тупаниме уште од сега со све и свашта. Па може другите теми да се искористат во друга прилика, здравје. @Dust мислам најдобро решение вака.
Редовно ве следам и гласам па ајде да скршам мразот и јас да учествувам Салатата нема име, некој мешавина моја од цезар и мимоза ама без месо Една марулка, еден домат, една помала крставица, две варени јајца, кубети, кашкавал За сосот : павлака, сенф, мајонез, маслиново масло и цеден лимон (се става по лажица две, зависно од вкус дали некој сака да е повеќе на мајонез или сенф) Додаток ракија
Салати имавме скоро ( иако не е на одмет), јас бев за топено сирење или -вафла, мммм..... Сепак , еве ради реда зошто не е ништо посебна, една салатка од мене , вчера правена за вечера. Салата со туна -Се сецка една марула, се зачинува со сол, лимон, маслиново масло, се додава туна, една конзерва пченка и црвен кромид (овојпат немам)...
Од архива. Се надевам може така ако не, не ме ставајте во анкета Состојки ( се гледа се, ама пак да пишам), рендани моркови, цвекло и зелка. Декорација со маслинки, домат и краставица. Додатоци - маслинов, оцет и хималајска сол.
Таман да ја прикачам сликава во диеталните ја видов темава па да удрам едно сефте Марула, краставица, домати, млад кромид, туна зачинето со маслиново, сол и семиња (тиква, лен и сончоглед) Еве ова ми е мене пролетна салата и кога не би била на диета би додала и пченка како ели25, мене ми е таа омилена комбинација.
Марулче,младо кромидче,варено јајце,балсамико,масло,и зачини. Едит:Ова оди многу и со авокадо ама немав.
Микс зелена салата(листови),ситно сецкан домат,интегрална паста и маслинки. Прелив маслиново+балзамико
Топло-ладна салата мејд бај Ејџел. Бел кромид на траки, моркови на коси тркалца, буковка на ленти пржени во вок со масло, малку соја сос и кари. Свеж селен микс (марула и рукола), краставица и домат. Дресинг: павлака, сенф, балсамико и чили во прав, ако јадеш лутко Потпечени парчиња интегрален багет со гауда, босилок и оригано. Spoiler: Едит: бонус
Марула, роквици, младо кромитче, краставица = салата. Преливот е мисиркин стек пропржен со лукче и зачини во вок, па на крајот кисело млеко. Spoiler: Уш една слика