Фала ви многу, мило ми е што ви се допадна салатата. Сигурно е очекувано, па наредна тема предлагам да биде Велигденски рецепт. Може благо или солено, важно да е нешто што e карактеристично за празникот и традиционално е на вашата велигденска трпеза. Може и од наша и од странска кујна, не е важно. Слика од целата трпеза може да прикачуваме во спојлер, а? Spoiler: Предлози
Христос воскресе Козињак. Форма - корпа за јајца. Рецепт: 500гр брашно 2 јајца од кои 1 жолчка за премачкување 1 сув квасец 1 филџан (за кафе) масло 1 филџан млеко Вода по потреба. Суво грозје околу 250 гр. Се замесува меко тесто и се остава да стаса, потоа се размесува повторно на маса и се плети плетенка. Една поголема и друга помала. Поголемата плетенка ја ставам во тепсија како во круг и во средина ставам мало тенџере без рачки и од горе помалата плетенка и печам во загреана релна. Кога ќе биди печењето при крај на горната плетенка се става фолија за да не изгори. Прв обид и успешен
Христос воскресна!!! Велигденска погача 2 јајца 500 гр брашно филџан зејтин 250 мл млеко квасец и сол. Квасецот го стасуваме во млекото и месиме се. Премачкано со жолчка и зејтин плус сусам. На трпезата поред лебче има јунешки шул, гнезда со сирење јајце и домат, бајадера со лешник (која испадна стварно преубава), козињак, салата со јајца кубети и дип, печен компир и морков. п.с. Ве молам ставете ги сликиве во спојлер не можам од тел
@orhideea и ова го " научи " од нет?! Не бе дете , за ова треба дарба и тоа голема дарба. Сто пати да гледам како го правиш, нема да успеам да направам ни нешто приближно вакво. @emkaemka Еме а ти ?! Ќе пробаш ?!
Торта со моркови Кај нас дома за Велигден веќе е традиционален десерт, зашто после јагнешко печење е лесна за јадење и има необичен вкус. До сега нема некој да ја пробал а да не побара рецепт. Тесто 3 големи моркови 3 јајца 6 лажици брашно 2 лажици кафен шеќер 1 кесичка ванилин шеќер Малку цимет Пола кесичка пециво Морковите се рендаат на најситно, се додаваат во измаматените јајца, шеќерот и брашното. Се пече на 160-180 30 минути. Откако ќе се олади се сече на пола и се премачкува со фил во средина и од горе. Се наросува со потпечени бадеми. Фил 100 гр крем сир или павлака (јас правам комбинација 50/50) 50 гр путер 2 лажици мед Сите состојки се матат со миксер и се оставаат во фрижидер додека се испече тестото Од една доза излегуваат 12 парчиња П.С. Јас направив дупла доза за ваква висина да добијам
Spoiler: Рецепт(и) Jackfruit pulled pork Јас користев свеж jackfruit (не можам да најдам превод на македонски за овошјево), но може да се најде и конзервиран, кој е далеку попрактичен. Се чисти прво jackfruit-ов и после тоа се вари во експрес лонец 10 минути. После тоа „месото“ се двои од семките и е спремно за понатамошно готвење. На загреана тава се става малку масло, тмин и ловоров лист да се пржат 2-3 минути, после тоа се додава кромид и лук. Откако кромидот ќе стане речиси проѕирен се додава „месото“ заедно со: соја сос, чили-лук сос, bbq сос, гарам масала (микс на зачини достапен во Азиските продавници, еве еден рецепт како да го направите миксов дома), thyme, италијан микс, црн бибер, куркума. Се додава малку вода, колку да не загори. Ова се меша убаво, па после тоа тавата се покрива со капак и се остава на тивок оган да се крчка околу 20-25 минути, додека овошјето не ги впие зачините. На крај се става сол. Бонус рецепти: Манчуриан Микс од кромид, праз, пиперка, зелка и пченка се пржат на тивок оган додека малку не омекнат. Во одделен сад се ставаат 3 полни лажици брашно од пченка и се меша во од прилика литар вода (никогаш не мерам кога готвам). Откако зеленчукот ќе омекне малку се додава соја сос, bbq сос, чили-лук сос, кечап, лук во прав, црн бибер, микс на италијански зачини и thyme и се промешува. Веднаш после тоа се додава смесата од вода и брашно и се промешува. Тука се додаваат брокулите. Треба да поврие на среден оган околу 10 минути, а чорбата треба да е малку густа. На крај се додава сол. Зеленчукот го менувам секој пат, зависи од тоа кои ингредиенти ми се достапни. Плескавици од тиквица и компири Се ренда една голема тиквица и се цеди водата од неа. Потоа се ренда еден морков, се додава ситно исечкана пиперка, два-три варени компири предходно згмечени со вилушка (не треба да бидат како пире, треба да имаат малку текстура) и малку пчена (од конзерва, треба да е веќе варена). Од зачини се става бибер, лук во прав, гарам масала (линк од рецепт погоре), сол и италијански микс на зачини. На крај се додава презла и смесата се меша и оформува во плескавици. Се пржат на малку масло, на среден оган. Температурата треба да биде доволно висока да се спржи и внатрешноста, но да не изгори во меѓувреме. Немам слика само од Jackfruit pulled pork, па затоа ги додадов и другите два рецепти во случај на некого да им се допаднат. Ако ги нарушува правилата, се извинувам од напред.
Даа Рецептот не е ништо посебно само формата. Ама не е мн тешко само плетиш две плетенки и толку Дојдете ми со Емче на гости ќе ве научам а и угостам.
Со @CrazyOne се договоривме и денес да можете да поставувате слики. Со оглед на тоа што вчера се јадеше... Гласањето ќе се скрати за 1 ден.. Ве очеуваме со преубави слики
Овоа верувам @kukla21 леко леко ќе го "сплеска" . Со задоволство би дошла на месени,теглени , сукани работи
Фереро бомбици Spoiler: Рецепт Потребни состојки: - 500гр наполитанки ( можете и помалце) - 400гр Нутела - 200-300гр лешници ( исто можете помалце или повеќе да додадете, зависи од вкусот) - малу масло Подготовка: - Се кршат наполитанките во еден сад. Потоа лешниците се сецкаат ама парчињата да не бидат ситни ептен. Мал дел тргнав настрана од сецканите лешници оти ми беа потребно за декорирање. Потоа се додава нутелата. Се замесува убаво, па се додава малу масло колку да може поубаво да се зацврсти смесата и да се замеси. Смесата откако ќе се направи се става во фрижидер неколку часа да се стегне,за да може поубаво да се прават бомбиците без да се лепи смесата. Потоа се прават бомбиците и се валкаат во што сакате. Ја ги правев со чоколадо и лешници, како и во какао. На почетокот тие од какао испаднаа како труфле убавите ама потоа не знам зошто, ама изгледа какаото се упи.
За свекрвЧе празник не било празник ако нема араванија. Морав да и сплескам една . Им испеков и јагнешко . Не го пробав ама кажаа дека ептен сум го погодила Не е сервирано , зошто е за носење . Јагнешкото е полнето со многу сланина и рузмарин. Араванијата стандард: 10 јајца 10 лаж шеќер 10 лаж брашно 7 лаж гриз. пециво и ванила Одозгора слатко од диви смокви