Хммм искрена да бидам има удел и тоа но обожавам раванија така да 80% за тебе а 20% за твојата желба на баба да угодиш. Ко ќе видиш пак за тебе е се
Гласно за @IronLady! Ем фотографијата убава, ем колачите изгледаат супер и лесни за правење. Ќе пробам некоја веган верзија од ова да направам, фала за идејата!
Јас мислев да учествувам со: - Погача: или со - Јаболкови мафини за дијабетичари и диететичари: ама направив „грешка во чекори“ со деновите
@Bubce38 и јас гласав за тебе и не поради бабата, туку затоа што слаткото од смокви дава посебен шмек
@Bubce38 “ме купи” од прва со слаткото од смокви.Не сум баш по шербетлии ама сликата ме потсети на убавото детство и е ептен автентична,македонска
Не ја направив многу "тужна". Шербет помалку ставив ( ради старите ). Затоа за мене си ја "зачинив" со дивите смокви и шербетот од самото слатко . Така ме подучи свекрвЧе . Лелеее, не ми се верува , водам во тема готвење
Се наместив за коментари Велигденски рецепти Пред мнооогу години некој ми даде флаерче со велигденски рецепти... Во него има се - печено јагнешко /свинско, ролат од месо со спанаќ, ролат со варени јајца, чорба од јагнешки џигерчиња со млад кромид, полнети јајца, козињак, плетенка, пиле погача, торта... иии незаменливата велигденска „Мимоза“ салата Велигденски рецепти се... СЕ што ти е вкусно и убаво на душичката @orhideea мммм... Оригинална, прекрасна корпа за јајца со суво грозје @LiliBoz погача со двојна намена... Украс на масата и задоволство за непцата @MissDior торта со моркови, мед, цимет... Убава комбинација за несекојдневна торта @SV1911 ухухууу... Богат со вкусови оброк, плус деликатен рецепт... плууус многу труд @IronLady прекрасните Фереро бомбички со незаменлив вкус... Ги обожавам @Bubce38 старата добра АРАВАНИЈА!!! Со интересна идеја... слатко од диви смокви Штета што има само една опција за гласање Овој пат не се водам по рецептот, сите се прекрасни... Гласано за @orhideea
Јупиии Ама сега еве проблем. Не знам што тема. Инспирирана од моментот што си добивме дури четири јаренца сношти , утре ќе правам лангиди. Па еве ако сакате може тема да биде: *Пишии,тиганици , крофнички ( нешто што во вашиот крај се "части" по повод раѓање на нов живот. * Или пирошки Ако не ви се допаѓа кажувајте нешто друго
https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3878304 Во другата тема каде што се само сликите со рецепти.
Ајде штом нема интерес нека биде првото Пишии, тиганици, лангиди, крофнички... Тоа што се дава обично на трет ден од раѓањето на бебе