Тиганици Ми се погоди тема, да искористам слика од архива. Рецепт: 1кг брашно 250мл млеко 250мл млака вода 3 јајца 3 лажици масло 1 коцка свеж квасец 1 лажичка пециво 1 лажичка шеќер плус масло за пржење Прво квасецот го активираме со шеќер во топла вода, во сад ги ставаме останатите состојки, го додаваме квасецот и месиме додека не добиеме глатко тесто, по потреба може малку да се додаде брашно. Го оставаме тестото да одмори околу 1 час потоа правеме топчиња ги оставаме и нив околу 20 минути, потоа го растегнуваме секое топче и ставаме да се пржи во загреано масло. Може да се комбинираат со сирење, јогурт, буковка, шеќер.. секако се вкусно и меки па и само така да се ручаат. П.С. Имам ставено слична слика во ФИ но не е иста, таму тиганиците се цели тука има една накршена, сметам дека не ги нарушува правилата , во спротивно корегирајте ме.
И да ми пратиш по карго некојаза јаренцата...море 4 да пратиш не е лошо Ќе си умрам од желба за јадење на нездрави работи
@Bubce38 ма пак тесто а? Имав замесено тесто за кифли и отварам ја гледам темава и си реков ќе го пржам, нема кифли Мекици Рецепт: 1 кг брашно 2 пакетчиња сув квасец Зејтин Млеко Млака вода (се од око) 2 јајца Лажичка сол Лажичка шеќер Замесив тесто од сите состојки го оставив да нарасне потоа го премесив и по втор пат нарасна. Си кинев топчиња од тестото и со сукало ги сучев да бидат ептен тенки за да бидат внатре шупливи, му ставив сиренце и ги преклопив и со прсти ги стегнав краевите. Оставив да одморат 20 тина минути и ги пржев во врел зејтин. И ги јадевме со јогурт Синко улета во кадар
@Dust Ајде кукличке изволте. Лангиди замесени со кравјо млеко, ќе ги јадеме со козјо сиренце и овчо кисело млеко . Рецептот е стандард 500 мл Топло млеко ,еден квасец и брашно по потреба .Јајца не ставам, помеки ми се без јајца ( душичка се овие ) Пржење во врел зејтин
Да им се придружам на мекиците од погоре. Се замесува меко тесто од 1кг брашно,2 јајца,коцка квасец,200 мл топла вода,200 мл јогурт,лажиче шеќер,лажиче сол и едно кесенце адитив за тесто. Тоа е тајната за изгледот и вкусот. Кога ќе стаса тестото се оформуваат и се пржат во добро загреано масло. Се вадат и се цедат на салфетки од маснотијата,па можете да се гостите
Пирошки поховани.(без презла) За филот:250гр пилешко,4 корнишони,10тина маслинки може и помалку беа,две големи лажици павлка,сол и зачин по желба,јас ставив малку мелено мускантно оревче и сол.Месото зачинето и ситно сецкано, се пржи и потоа се додаваат ситно сецканите маслинки и корнишони,на крај павлаката. За валкање 3 лажици брашно и малку црвен пипер,2 јајца. Палачинките (може и готови од Туш )се прават стандард,потоа се полнат со една лажица полна од филот,се превиткува од спротивните страни за да се затвори,па се преклопува од другата страна да дојде како отворено плико,и се замотува во ролна.Се валкаат во брашно со малку црвен пипер,па во матени јајца и се пржат.Може на крај и во презла но јас го прескокав тој дел. Едит: Испржив повеке палачинки па остана и за десерт .Со ова со еден удар две муви тепаш ем ручек ем десрт
@DAngel специјално за тебе. Ставаме 500 мл вода да зоврие со 600 гр шеќер,откако ќе зоврие вариме уште 15-20 мин на тивко.Тргаме настрана и додаваме една ванила и малку ладна вода,мешаме и оставаме да се олади. 250 мл вода,50 мл масло и прстофат сол ги ставаме да зовријат,па го додаваме брашното и мешаме додека се изедначи смесата.Оставаме да се олади. Откако ќе се олади додаваме 4 јајца едно по едно и месиме додека се добие мазно тесто. Тестото го ставаме во шприц и пржиме во поголема количина загреано масло. Пржените тулумби ги ставаме во оладениот шербет,па ги редиме во плех,и ги преливаме со преостанатиот шербет. Оставаме да се оладат и да впијат од шербетот. И Наздравје. Spoiler: Бонус фотка
Кога видов темава се настрвив за мекици. Ќеф имав за со мармалад ама само солено сум имала. Spoiler: Рецепт Едно јајце, Малку сол, Околу 250мл јогурт, Пециво, и брашно по потреба. Се мати прво јајцето со солта па се додава јогурт и после пециво со брашно. Брашно искрено не ни знам колку ми влезе, притурав дур се направи убаво меко тесто и релативно нелепливо. Се остава да поседат 10-15 минути па се пржат.
Тестово е исто како за мекици. 250мл млеко, 250мл вода, 1 стасан квасец, 1 пециво, 2 мали лажички сол. Се замесува со брашно меко тесто. Откако ќе стаса се расукува кора, се реди полнењето на одредено растојание ( во зависност од тоа колкави сакате да бидат) се преклопува и се сече (јас со чаша сечев) Се оставаат да стасаат и се пржат во не многу врело масло.
1 чаша млеко 1/2 чаша јогурт 1 квасец 1 пециво 2 јајца 1 лажица ракија 1 лажица шекер прстофат сол по потреба брашно Од сите состојки се замесува многу меко тесто, потоа се остава да стои додека не нарасне. Откако ќе нарасне, се кинат од тестото топчиња и се развлекува да му се даде форма на мекица, па се пржат во загреано масло додека не добијат убава златна боја. Со домат и сирење ми се совршена комбинација, само што овој пат немав домат при рака, па и со домашен кечап не беше лошо