Се двоумев искрено помеѓу тиганици и крофни, сепак и крофните се пржено тесто. Бидејќи повеќето понудивте тиганици и слично јас одлучив за крофни. И онака и за двете ќе се послужам (послужев) со слика од архива) ЛОКУМАДЕС крофни 2кг брашно 1л.млака вода 2 квасеца 1 маргарин 6г.лажици шеќер Прстофат сол (бидејќи ова е поприлично многу, баш како за гости кога идат за принова, слободна направете пола доза, јас така правам). Во водата се става квасецот и маргаринот и постепено се додава брашното, солта и шеќерот. Тестото се месе да биде средно измесено, накај меко. На крај од месењето, фино е тестото да се "потепа" 10тина пати. Тедтото го делиме на два дела. Едниот го тргаме на страна, а другиот дел го работиме. Се сукнува кора со дебелина околу 1 прст и со калап се вадат формите за крофни. Истото се повторува со другиот дел од тестото. Откако ќе се изработи целото тесто се стават на пржење. *тестото не се чека да стаса *за пржењето се започнува од првоизвадените форми, кои откако ќе се извадат исто не се чека да стасат *за цорма на калап можете да користите чаша но и пластично од витакрем, леон крем и слично, за малото дупче на средина капаче од шише *откако ќе се испржат по желба се става шеќер во прав или обичен шеќер Локумадесов е многу убав и вкусен и не е скап (во смисол јајца млеко јогурт и сл.) На здравје П. С. Сликите не ми се најубави ама крофните се
Мммм. Морам да ги пробам. И тоа уште сабајле Ама нешто не ми е јасно. Зошто тестото се дели на два дела?! Јас планирам една третина од дозата да направам. И тогаш треба да се дели?!
За поубаво да го изработиш. И да можеш да сукнеш нормална кора. Ваљда Така ја наследив и така правам. И на пола доза што ја правам така ја поделувам. ПоИнаку не сум пробала П. С. Де пиши ми ги мерките за третина доза
Ухухуу... Колку вредни сте биле деновиве!!! Сакав да ѕирнам на омилената ми тема ииии... Изненадување, слики и рецепти еден куп Јас не Ви се мешам со пржено тесто, само кафе ке Ве почастам...
Ме изненади Мислев ќе не занемеш тука, кога видов дека си пишала. Пошто имаш ем добар стаж и искуство а и прекрасни рецепти...
Ти благодарам за убавото мислење Вистината е... Во последно време само коментирам на темава, ретко учествувам На младите светот останува!!! Значи... и кујната, со сите прекрасни рецепти и иновации
Пишии Spoiler На 500 гр брашно (јас користам мешавина за црно брашно) оди 1 лажиче сол, едно шеќер и половина свеж или сув квасец за тоа количество. Вода оди отприлика 300 мл, да се добие меко и мазно тесто кое не се лепи.Јас го удирам 50 пати од работната површина. Се остава 5 мин да се одмори. Потоа се вадат топчиња со рака, внимателно се обликуваат и се расукуваат во кружница со радиус отприлика 10-15 цм, во зависност од големината на тавчето, а со дебелина 2-3 мм. Се пржат во не премногу врел зејтин. Кога се ставааат, може да се избоцкаат со вилушка на неколку места, да не се надухат премногу
Анкетата е поставена https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3885042
До модераторките: забележав дека коментарите од темата за гласање ги префрлате овде. Разбирам дека сакате да ја чувате чиста и прегледна таа тема, aма зошто едноставно не ја затворите за коментари? Многу полесно ќе ви биде.
Еее што убава тема, а и баш спремав нешто за ваква прилика пред некој ден. Што немам навика да сликам храна :/
Искрено откако е отворена таа тема, не ми текнува да сме ја заклучувале за коментари, па затоа и си стои отворена темата. Иако ретко се наоѓа некој таму да пише, што барем мене не ми е проблем да го префрлам тука. Ама за понатаму може да видиме што како
Гласав за @Bubce38 затоа што ме покани на јадење ме купи бре за секунда Следен пат и од другите очекувам по карго во берово да пратите некој залак..како на непробано да гласам
Гласано за Еспадрила И на Ан на ми се допадна рецептот но јас би додала кеЌап на тоа за да не ми е суво...