Ауу фино било чуството коа посебно ќе те потенцират дека гласале за тебе. А богами добра е конкуренцијава...
Браво, браво, браво девојки за прекрасните и превкусни пржени теста Е сега, колку калории и масти содржат, колку се здрави... Не е тема на денот Мнооогу се мислев за кого да гласам Секогаш кога се мислам, обично гласам за рецептот на готвачот кој што за прв пат е во темава... @An-na Spoiler: *** @Espadrila моите крофнички... Од архива
Се одлучив за мекиците на @MamacitaBuena , многу убаво, пуфлесто ми изгледаат мислиш крофни е, целиот шмек во шеќерот во прав. Башка не сум пробала мекици со благо да комбинирам, вообичаено ги јадеме со сирење.
Уф, неспремна ме фативте - Пица (може и затворена) - Чоколаден десерт - Тестенини - Турски десерти - Се од урда или сирење Горе/доле се од набројаново е поминато, ама врска немам што друго
Јас сум спремна Пица Spoiler: Рецепт Рецептот е за 4 пици во тавчиња специјални за пица од 33 цм, а е сличен со рецептот за пица залачиња Тесто: - 1 кг и 200 гр мешавина за црно брашно - 2-3 кафени лажичиња квасец - 2 кафени лажичиња сол - 2 кафени лажичиња шеќер - 3-4 супени лажици зејтин - 650-700 мл вода Се замесува меко тесто. Убаво се премесува. Јас го удирам 50 пати од маса. Се мачка со зејтин, се става во најлонска кеса и се остава минимум 4 часа да отстои во фрижидер. Тестото се дели на 4 дела. Не го премесувам, само леко со раката правам топчиња. Топчињата ги вртам низ раце, малку да се растегнат (не сум толку мајстор да ги истегнам до крај). Потоа на подлогата со мерки, со раце ги обликувам и ги ставам во тавчето. Филот ни е доматно пире, моцарела (некогаш мешано мозарела со кравји кашкавал погоден за топење, или само кравји), некаде 200-300 гр. по пица, шунка (шунка фина од ПИК најчесто), свежи печурки и оригано. Некогаш може да ставиме маслинки, свежа пиперка и сл. Решетката се става најдолу во рерната. Рерната се уклучува на најјако што имате, моето е 250 со вентилатор. Штом се загрее рерната, пиците се печат 7-10 мин (малку да испари и водата од печурките). По вадењето, крајчињата малку ги мачкам или ги прскам со зејтин. Пријатно! Spoiler: Дополнителни слики
Ох, баш сум среќна за темава. Особено зошто имам една пица која молам да ја направам деновиве. Се надевам дека ќе ми ја ослободат кујната за толку. Ќе гледам да ве дружам вака кога можам, зошто дома и мајка ми и татко ми се венчани за кујната, па сега дојде и баба ми, и неа некако му се допадна, па ме бркаат мене: веќе имало доволно луѓе внатре.
Ми се допадна рецептата. Може да ми кажеш каква е таа мешавина за црно брашно? Се продава како таква? Чие е брашното, на Данбус- српската? Или некое друго? Или ти ја комбинираш? Фала однапред.
Да, таа е на Данубиус, веќе е измешана. Би користела и чисто црно брашно, јас сама да го измешам, ама не можам да најдам. Некогаш ја правиме и со р’жано брашно, ама така е малку по тегава. Исто е убава и со интегрално брашно. Да не биде како реклама, ама сите брашна на Данубиус ми се преубави. Инаку, ако некој има пробано некои убави брашно тип 900-950, нека пише да пробаме.
ИНТЕГРАЛНА ПИЦА РЕЦЕПТ: Тесто - 250 гр интегрално брашно - 1 лажичца сув квасец - пола чаша млака вода - пола лажица сол - 2 лажици масло - моцарела - пиперка - домати - маслинки - сув магданос Во садот со млака вода се додава квасецот и се остава да се нарасне . После се додаваат и останатите состојки и се замесува меко тесто. По потреба се додава и уште брашно. Тестото се остава на топло околу 40 мин за да нарасне. Се сучи тенка кора од тестото и се става во намрсена тава. Врз кората се редат останатите состојки, моцарела, пиперка, домати, маслинки и се поросува со сув магданос. Пицата се пече во загреана рерна на 250 степени, околу 20 мин.. На здравје !
Јас обично пица правам со готово тесто, ама во чест на натпреваров замесив тесто. Тестово е исто како за пастрмајлија. Никако не можам да си најдам некое погодено тесто за пица, затоа и најчесто со готово правам. Ова не беше лошо 500гр брашно, 250мл млака вода, 1/2 квасец, 100мл масло, 1мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер. Тестото се меси на меко, стасува и се формираат пици. Филот е по желба.
500гр остро брашно 325мл топла вода 1 сув квасец Една лажица сол се става во брашното и ова се замесува со квасецот во водата.Се додава една лажица маслиновоми пак се меси.Се остава да стаса 2 саати,а потоа се става во фрижидер да одстои нокта.Нареден ден се вади на топло малку за да се тегне убаво.Се разтегнуваат во големина колку 32 тавче две пици.Се премачкуваат со доматен сос(домата,лук,маслиново,босилок) па се редат по желба.Овде има кулен,кромид,маслинки,кашкавал и моцарела. Како што кажав,за италијанска кујна е задолжен мм и тој ја правеше .Рецептот позајмен од Џејми Оливер
Не знам колку е паметно да ставам сликиве, деновиве ни пица не можам да направам. Планирав pizza pot pie, ама временски сум ограничена и си одбрав нешто што не можам да згрешам (И успеав да згрешам!) - Пица погача. Дел е од поголем рецепт ама јас ќе напишам само тоа што правев. Spoiler: Слики Spoiler: Рецепт 1 јајце се мати со малку сол. Не мора да е со миксер, можи и добро со виљушка. Потоа се додава: 100мл масло, 200мл јогурт, две чаши брашно и едно пециво. Тестото треба да не се лепи на рака. Потоа само се истура на мрсна тава и се раширува врз неа. Јас го преферирам малку послабо зошто сепак многу крева, сепак не е баш пица туку пица погача. Од горе се ставаат работи по желба. Јас ставив: Сирење, Виршла, Кашкавал и Печурки на пола пица.