Анкетата е поставена https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3892942 Со среќа на сите
Јас гласав за интегралната пица, на листа за правење е, инаку пофалби и за останатите. Го скршив мразот, ајде пукајте коментари.
Девојки фала ви, мило ми е што ви се допадна. Следна тема предлагам да биде Домашен чипс. На пример чипс од компир, тиквички, јаболка и.т.н. Може да биде и во комбинација со некој сос на пример или нешто друго. Што мислите?
Еве, да се пријавам... Целосно ја „утнав“ минатата тема! Не само што не коментирав, дури и не гласав Сега ги прегледав рецептите и фотките и... Ми се пријаде пица!!! Сите сте направиле совршена пица, толку сочна и вкусна што дури и сликите мамат да грицнеш @GoldenRose. честитки за победата На новата тема... Предноста на домашниот чипс е убавината на мирисот додека се спрема, топлината на свежо испржениот компир и можноста за комбинации Spoiler: Рецепт за чипс ПС Еднаш пред мнооогу години, поточно 1980 година, бев во вистинска фабрика за производство на чипс, ПИК Чачак... Мммм, сеуште се секавам на убавиот крцкав чипс кој што имав чест да го конзумирам дирекно од произвоствена лента
Ова повеќе за смешка отколку за натпреварување. Дека нема конкуренција уште. Чипс од домашна чадена сланина,со шопска,ајвар и макало од буковска пипер,сушен лук,сол,балсамико и масло.
Јас си правам често домашен печен чипс со цол и оцет, мерачки е ептен... Ама пак ме фативте во прошетка, ништо од готвењето Ќе треба да се омажам за да можам почесто да се врткам по дома и да готвам за готвачите
Компирот се мие и се лупи со алатка на тенки прозирни резанци. Се оставаат неколку часа во студена вода да отстојат за да го пушти компирот својот скроб. Потоа се цади,пак се мие со ладна вода и убаво се суши на памучна крпа пред пржење. Се пржи на врел зејтин,најдобро во фритеза. Се посолува и зачинува по вкус со што сакате.
Јас повеќе готвев кога бев немажена, сега овој не јадел ова, оној она,..., благо одбегнуваме сите кој ради шеќер, кој ради килажа...
https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3 Анкетата е ставена. Сликите ќе бидат малку покасно поради технички причини. Фала на разбирање
Дај ставите за двајца да се гласа Се ова ми беа претходните коментари.Леле ми отиде една тема може и две без да гласам.Инаку гласав за @MamacitaBuena . Инаку и двете се супер. Јас мислев некој зеленчук чипс ќе има како купечките и чекав
Коментари... Цццц... Само два рецепта @manako1 @MamacitaBuena браво... Само Вие две ја испочитувавте темата оваа недела Ааа, чипсот... Ви се погодил, прекрасно изгледа и мами да се изгрицка ПС Се замолува победничката да зададе тема каде што ке има повеќе за коментирање
Честитки @MamacitaBuena Можеш да бираш нова тема Извини, заборавив дека е четврток од лежење сите денови ми се исти
Ништо,нема проблем. За тема,немам никаква креатива веќе. Кажувајте предлози,што би можело да биде пожелно,сакам да има многу учесници!