Ајде еве нека биде Пролетни јадења. Од секаков зеленчук и овошје кои се типични за пролетта. Може да е и благо и солено,само да е пролетно и полесно за стомак
Еве ме одма Тава со зеленчук. Модар домат, пиперки, тиквички, морков, кромид, млад компир, домат. Модриот пиперките и тиквичките се прво пржени. Доматот компирот и морковот само лупени и сецкани. Потоа се заедно печеме 40 мин.На едниот крај има пармезан на сликата за да се види и без.
Турли тава со свинско каре. Зелка, модар, боранија, тиквица,зелена и црвена пиперка, кромид, печурки , патлиџан,морков. Прво запржено , па запечено. Прилог,младо компирче со мајонез
Темава се пуни уште пред да се смени насловот Фала Мамасита за одлукава Искрена да бидам мене најпролетно јадење ми е омлет со перца и сиренце но веќе ја имам ставено таа слика во ФИ.
Супер тема,одма настапувам на сцена со денешниот ручек Парче стек е мевцето,печено на грил-тава,белото е младо сирење(cottage cheese),зелената салата не и знам име на мк,ама има трвкасто-сочен вкус,рендан морков,домат и ротквица,со малку кашкавал одозгора.Лимон и маслиново уште на благо што не ставам,редовен прелив ми е. Иначе и ја би умрела за урда ама нема овде,саде перца
Еве и мене, за првпат во темава. Кајгана со тиквички 2 тиквици сецкани на коцки, се запржуваат со сол, вегета, рузмарин, чили. Кога се убаво запржени се додаваат 5 јајца. Брзо лесно и вкусно...
Крем супа од тиквица Ова ми е омилената крем супа, многу е лесна за правење и освежителна. Супата е многу кремаста и ароматична. Количините се за две особи 1 голема тиквица 2 млади кромитчиња 1 младо лукче Зачини: бибер, куркума, биозачин,сол Се запржуваат лукот и кромидот во маслиново масло, се додава ситно сецкана тиквица и се меша кратко време. Се става вода колку да ги покрие тиквиците и се вари на тивко со капак 20 мин. Откако ќе се олади малку се блендира. Кубетите се потпечени со чили и маслиново. Јас ја сервирам супата со додаток неколку лажици овчо кисело млеко, може и павлака или сл.
Шпагети од тиквичка Spoiler: Рецепт Состојки: една тиквичка сол пипер малку масло филџан вода Се ренда тиквичката дур стигниш до семките, надолго. Потоа се става малку масло, се став во тавче заедно со малку сол и пипер. Се пропржва околу минутка- две и после се тура вода малку колку да прекрие и се остава да крчка дестина до петнаесет минути. После само се процедуваат и сервираат. Дур сликав веќе се изладија. Spoiler: Слики Јас веќе знам за кој ќе гласам. Дур и рецептот ќе го правам деновиве.
Spoiler: Рецепт Дип од спанаќ и пита-леб Спанаќот треба да се стави во жешка вода за да омекне и после тоа се блендира (може и со блендер или процесор, лично јас користам процесор поради густината). На тава се става малку масло, и се пржи ситно исечкан кромид, а кога ќе имекне се додава и лук. После две-три минути се додава изблендираниот спанаќ и се ставаат зачини. Јас користев: кари, куркума, гарам масала, thyme, магденос во прав и на крај сол. Пита-леб Се меси меко тесто и се пече на тава. Попросто - здравје!
Само кај мене не отвара сликата или? Сакам да видам за да се убедам во напишаното. Па нема да гласам на слепо
Омлет со спанаќ Го сечкаме спанаќот на ситно и го пропржуваме. Во меѓувреме ги маткаме со вилушка јајцата со малку млеко и сол. И ги додаваме на пропржениот спанаќ. Сервираме по желба.
Роловани тиквички со бешамел сос Рецепт: 3 поголеми тиквици 300 гр мелено месо 1 страк праз 1 поголем домат 100 гр кашкавал Сол,буковец и оригано. Бешамел сос 30 гр путер 30 гр брашно 2 чаши млеко оригано Тиквиците се сечат на ленти со дебелина од 2-3 мм и се посолуваат. Се премачкуваат со малку масло и се потпекуваат на грил тава по 2-3 мин. од секоја страна додека не омекнат и добијат малку боја. Во друг сад на тивок оган се пржи празот заедно со меленото месо,зачините и доматот ,претходно излупен и исечкан на коцки. Подготовка на бешамелот На 30 гр путер се запржуваат 30 гр брашно, постепено се додава млекото кое треба да биде млако, се додека не се згусне . На крај се става ориганото. На секоја лента тиквичка се става парче кашкавал, малку од смесата и се витка во ролна . Вака ролованите тиквички се редат во огноотпорен сад и се полеваат со бешамелот, се покрива со алуминиумска фолија и се печат на 200 степени околу пола саат. После се вади фолијата и се допекуваат уште 10-15 мин. Spoiler: Слики
Едноставен неделен ручек типичен за ова време. Пржени пиперки и домати со јајца, пржен млад кромид со јаца и тиквички потпечени на грил тава со лукче, масло и оцет.