Прегратки! Јас гласав за @MissDior уште кога видов супата ми остана в гла дур не ја напрајв и пробав. Превкусна!
на @tincemajmunce ,едноставна комбинација,а толку вкусна и лесна за подготовка ,плус декорација за мерак.10 плус од мене и глас,секако
Хуху две победнички Последно кога видов Диорка водеше Фини се предлозиве,смо првиов место јаготки би проширила во “Десерти со овошје”,дека многу поголем е изборот,па би имало повеќе рецепти. Оризот си е супер предлог
Ајде одма да шлакнам една фотка .Стандард ориз со копани ,али дека ме немаше на предходните. Копаните ги посолувам им ставам зачини во моментот што ми се јаде(овде оригано и рузмарин) и ги печам со малку вода во рерна околу 40тина мин. Кромидот го ставам со морковите ги запржувам,па го додавам и оризот со нив уште малку пропржувам и додавам вода и зачини( сол ,сув магдонос и бибер) во тавчето,да поврие малку.Потоа го истурам во тавче со копаните,додавам вода и оставам да се пече уште 40тина мин.
Ајде и јас да ја испочитувам темата што ја предложив Басмати ориз со пилешко и зеленчук Кај нас дома овој рецепт е омилен, понекогаш варираат зеленчуците и припремаат на пилешко/мисиркино месо. Начесто месото со зачини е печено во грил тава и сецкано на парчиња. Басмати орозот се вари во кесичката 10 минути. За тоа време запржувам во маслиново морков рендан на ленти, сецкана црвена бабура, кромид на кругови, со сол, бибер, куркума, чили и ги покривам со капак, повремено мешајќи. На крај додавам исецкана обарена брокула и парчиња пилешко месо. Кога ќе се свари орозот се цеди и се прелева со месото и зеленчуците, се заедно добро се меша. Зачинувам со малку лимон за по егзотичен вкус.
Како за прв пат на темата Полнет артишок со ориз. Рецепт за 4 парчиња артишок: 1 чаша средна големина ориз, во него се дробат ситно 5-6 млади кромитчиња, една китка или повеќе свеж копар, сол, црн пипер, повеќе маслиново масло(мерка немам од око ставам јас, да биде доволно мрсно но не и премногу), сок од пола лимон. Се меша оваа смеса и како на сликата се полнат листовите измеѓу со оризот, лист по лист. Се редат во тенџере, се става вода одприлика, да дојде до средина на артишок-от, се става маслиново масло, половина лимун и сол во водичката. Се затвара со капак да крчка на тивко околу 1.30-2 часа. Во меѓувреме се додава вода и маслиново масло по потреба. Јас пробувам со лажица, треба водичката да има доволно сол и да е малку кислекаста но не премногу. Ако има потреба пред крај додавам уште лимун. Листовите не се јадат цели, туку се гребат со заби Се јаде внатрешниот дел и оризот