Кафеав ориз со лимон и пилешко во сос. Оризот се вари заедно со мешан зеленчук (морков, пченка, прокељ). Кога ќе се свари се додава сок од 1 лимон и сол. Пилешкото се пропржува со сецкано лукче и спанаќ, се додава хопла за готвење, зачини по желба и на крај рендан кашкавал.
Рижото со сос од свинско месо (може и пилешко) Варам ориз за четири лица обично потоа на тава запржувам тиквичка на коцки и пиперки. Го истурам оладениот ориз во тавата, ставам вегета и црн пипер и го запржувам. За сосот месо на коцки со кромид додавам вода за да омекне на крајот малку пропржувам и му ставам испасирани домати. Го оставам така да поврие додека не се згусне доволно
Сутлијаш! Во тенџере ставам 1 литро млеко и 1 литро вода, 15 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер и 300 грама ориз (измиен претходно). Сето тоа се вари на тивок оган околу саат до сааат ипол. При крај се меша постојано за да загори.
За естетика ни мене не ме бива баш ама за дружба учествувам Морам да кажам дека Арендел фали во темава. Еве го денешниот ручек. Полнети пиперки Мелено месо за пржено со кромид и морков. Додадено ориз и црвен пипер бибер и сол. Дур се запржува ги чистиме пиперките па ги полниме со мастравот и затвараме со парче домат. Редиме во тава посипуваме со вода и печеме 30 мин на 200. Јас од мастравот ставам и во водата зашто сакам да мацкам Пред печење и после печење
Spoiler: Рецепт Vegetable fried rice Оризот се вари одделно, а одделно на тивок оган се динста зеленчукот (околу 3-4 мин) насецкан на ситни коцки полиен со соја сос. Откако зеленчукот малку ќе омекне се додава оризот, уште соја сос по потреба, лук, бибер, куркума и сол и се меша заедно. После неколку минути се става насецкан магдонос (може и млад кромид, уште подобро, јас овој пат немав дома). Ептен лесно и вкусно.
Ммм, што би рекла една наша позната фаца, лиги ми претекоа друг пат гладна темава не ја отварам. @LiliBoz , оризот претходно не ли го вариш, оти јас го варам 10мин.Нели останува во пиперката жив и колку вода ставаш? Може глупи ми се прашањата ама јас на др начин го правам
Полнети млади тиквички рецепт се прже млад кромид м месо печурки и се додава ориз Се зачинува со вегета бибер пипер црвен Младите тикивчки се полнат со смесата и се затвараат со црвен патлиџан се заливаат со вода и се стават у релна на печење
Го сликав за ФИ, ама ај нека стои тука оддамна не сум била активна.... Спанаќ и ориз (интегрален) Се вари оризот со малку сол, кога ќе биде готов додавам кромид и еден рендан морков и запржувам малку. Спанаќот го бланширам и го мешам со оризот . Настрана матам 2-3 јајца и една мала павлака, посипувам и запечувам. Како пита е
Рижото со спанаќ и аспарагус Се потпржува аспарагусот, се додава кромид исто се потпржува и се додава малку спанаќ. Се става оризот (арборио или за рижото) и се потпржува додека оризот не ги впие соковите. Зачинувам со сол и црн бибер. Се додава малце бело вино (јас практикувам просеко, кој не сака може и без вино). Кога ќе го снема виното се додава едно кутлаче зеленчукова супа (може и пилешка/говедска, зависи која комбинација ја правите), кога оризот ќе ја впие целата течност се додава пак и се промешува. Така неколку пати. Веќе кога ќе приметите дека на оризот му фали само едно кутлаче течност до крајот, ставете малку путер, рендан пармезан (може и пекорино но јас не го практикувам) и едно кутлаче супа. Поклопете без да промешате и оставете го едно 10 минути. (Таман време да потсредите кујната и наредите масата ) Пред сервирање промешајте. Оризот веќе го впил и последното кутлаче супа а остатокот е смешан со пармезанот и путерот во кремав сос. Комбинациите се премногу, можете да направите со пилешко, габи, тиквичка, модар домат, грашок, лосос, пушено месо... Јас ова го избрав дека сега тука е сезоната на аспарагусот. Може не е како обичен ориз да го ставиш во рерна и сам да се зготви, треба да се повртка човек во кујна малце ама навистина вреди. Звучам како од некоја реклама Се надевам дека ќе ви се допадне
Анкетата е поставена. Со среќа на сите https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3921123 Овој пат можете да гласате за 2 членки