Јас одма сабајле, прва-прва уште во мугрите. Гласно за феноменалниот ориз на @SV1911 за којшто колку и да се трудам, глава оставам дека нема така fluffy да испадне и за полнетите тиквички на @ALISA0000 затоа што ми потекоа лиги за полнети тиквички.
За да испадне fluffy купи paraboiled ориз. Овој не се лепи кога го вариш, плус е поздрав од другите видови на светли оризи. Јас гласав за @eli25, ептен апетитно изгледа "питата" и за сутлијашот на @Alondra бидејќи немам јадено сутлијаш едно 5+ години, па ми се пријаде.
Викендов ја разлистав цела тема и се исполигавив искрено, како готвите девојки, секоја чест Мотивирате искрено да почне човек почесто да готви, поради вас утре и сукало ќе си купам и ќе почнам да учам да месам Инаку, првпат и гласам, за @LiliBoz и @eli25
За жал не. Во тек е гласањето, ако сакаш може овој пат само да гласаш а наредниот и ќе постираш Од утре ќе има нова тема, така да, спремај се
Оваа недела темата се покажа доста инспиративна која ги поттикна вредните домаќинки на форумов да приготват и презентираат јадења од ориз во најразлични варијанти и комбинации Оризот како состојка е скоро не изоставен дел, сегмент од кујната ширум целиот свет. Може да се приготвува со најразлични други состојки, може да биде застапен во облик на предјадење, главно јадење, гарнир или во комбинација, и како десерт во форма на добро познатиот и одлично прифатен кај нас специјалитет наречен сутлијаш Највеќе е застапен во азиската кујна каде е во скоро секој оброк присутен и во било која комбинација и варијанта. Но исто така е доста присутен и во блиско - источната кујна, во ориенталната кујна и во арапските држави Одлично приготвени јадења од ориз од страна на сите кои зедоа учество на темава Беба ме освои со традиционално приготвеното јадење кое е најзастапено на нашата трпеза пиле на ориз (копани со ориз) сликата е одлична, во гро - план го прикажува јадењето, нешто што дава уште повеќе впечатливост, изгледа доста примамливо многу вкусно и сочно, оризот не е сув што е многу важно, сепак е потребно да има малку влажност, и секако тоа се конзумира додека е топло тогаш е многу послатко - повкусно отколку откако ќе истине. MissDior ни презентира оброк кој ги мами сите сетила со комбинацијата на состојките, начинот на презентација, употребените состојки во својата комбинација го доловуваат спојот и колоритноста кој го рефлектираат на чинијата, сето презентирано со вкус, стилски! впрочем како што е прикажано скоро секое нејзино јадење, битна одлика, карактеристика, препознатливост кај МисДиор што сум го забележал е уметноста во готвењето и презентацијата на самите јадења пред се на стилски начин Chocolade се претстави со необичен, несекојдневен, интересен, креативен и инспиративен рецепт арти(чок)/(шок) со ориз на прв поглед кога ќе го погледнете јадењето добивате впечаток дека се наоѓате на некое егзотично место во азија како Тајланд, Индонезија, Виетнам. Одличен избор, ја разби на овој начин монотонијата на приготвените оброци од ориз на традиционален начин препознатлив за нашиот крај со нешто ново и доста интересно СофиМар приготви многу вкусно јадење во комбинација на ориз пилешко и повеќе зеленчуци, доста примамливо и сочно делува на сликата приготвениот оброк Berguzar се претстави со рижото со свинско месо, одлична, добитна, традиционална и многу вкусна комбинација истата може да се направи - приготви и со пилешко и телешко месо Алондра го презентира оризот во блага варијанта преку добро познатиот и секогаш добредојден за консумација сутлијаш кој е одличен во комбинација со цејлонски цимет, може истиот да се консумира и топол но повкусен е сервиран како ладен десерт LiliBoz и ALISA0000 приготвија полнети пиперки и полнети тиквици едни од највкусните, најприфатените и најчесто приготвуваните јадења на нашата трпеза во овој период од годината, сезона пролет- лето, овие јадења се вистински избор за секој кој навистина ужива во консумацијата на овие сезонски - лесни - летни и пред се вкусни и здрави јадења Многу интересна и визуелно привлечна комбинација на состојки од ориз и зеленчук приготви SV1911 брз лесен и вкусен оброк кој секој со задоволство би го приготвил Креативноста дојде до израз во оброкот на eli25 таа состојките традиционални за ориз со спанаќ и јајца ги модифицира и нејзината инвентивност со истите состојки ја преточи во форма на пита со ориз, јајца и спанаќ многу убаво за око но и вкусно за консумација, секако неизоставно во комбинација со кисело млеко или јогурт Многу интересен несекојдневен рецепт со ориз во комбинација со аспарагус ни приготви iskraFem кој изгледа многу привлечно сочно и пред се вкусно Покрај овие начини кои ни беа презентирани оризот може да се приготви и со морски плодови односно риба (пастрмка) на ориз е едно од моите омилени јадења. Оризот како главна и помошна состојка може да се комбинира со најразлични јадења и во најразлични комбинации, е застапен и во јагнешката чорба како состојка, потоа добро познатата пита - мазник со ориз. Изборот е многу тежок, секое јадење заслужува глас добро е што се даде можност да се гласа за два рецепти но и тоа е малку. Моите гласови отидоа за јадењата на Беба и МисДиор