Ајде да го скршам мразот. Домашен сладолед. Розов дел - се блендираат јагоди и замрзната банана со малку вода од кокос и агаве сируп. Зелен дел - киви, банана, кокосова вода и агаве. Виолетов дел - боровинки, кокосова вода и агаве. Се оставаат во замрзнувач некој саат и спремни се.
Кора (за една кора) 6 белки 100гр. шеќер 50гр мелени ореви 50гр мелени лешници 2 реда чоколадо Фил 1 18 жолчки 250гр шеќер 1л млеко 3 пудинга од јагода 250гр маргарин 100гр шеќер во прав 100мл слатка павлака 2 милка чоколадо од јагода Фил 2 400мл слатка павлака Неколку лапки арома од јагоди Подготовка За кората убаво се матат белките со шеќерот. Се додаваат мелените ореви и лешници, рендана чоколада и полека се соединува со лажица и се става во кружен калап за печење. Се пече 20мин на 180 степени. На овој начин се прават уште 2 кори. Фил 1 Во малку помалку од 1л млеко се става шеќерот и се става да зоврие. Во остатокот од млекото се матат жолчките со пудингот и се истура во зовриеното млеко додека да се згусне. Откако ќе се олади се додава претходно обработениот маргарин до шеќерот во прав. Посебно се мати 100мл слатка павлака и се додава во смесата. И милката се ренда и се додава да се соедини. Филот две се мати со неколку капки арома од јагоди. Не ми замерувајте за корите прв посериозен десерт ми беше и да не сум љубител на овошје но оваа торта е превкусна.
Ice cream-a little daydream Се мислев дал да го постирам ама нека има рецепти повеќе.. Го правев на работа,и бидејќи сум на диета не го пробав,колешките беа воодушевени,и малишаните исто.Рецепт па и нема,смрзнати банани и јаготки,ги оставив да “пуштат” малце,па ги изблендирав. На веќе хомогена смеса,дотурив млеко и еееептен малце шеќер во прав(ради децата). Слободно користете засладувач по вкус,или сменете млеко со бадемово за посна/веган верзија И кажете ми каков е вкусот
Десерт во чаша Рецепт: Во ниските чаши: Долниот дел е пудинг од ванила ( од оној што не се вари ) со многу изблендирани јагоди . Врз него ставаме насецкани јаготки, малку бисквитки ( јас ставив Wellness интегрални ) . Па ставив хопла изматена со лимонов шеќер и малку маскарпоне и кафеав шеќер. Накршив пак од бисквитите и парчиња јаготки . Високите чаши ги правев по овој рецепт http://kreativnirecepti.com/desert-od-jagoda/ Само што за разлика од овде , јас користев безбоен желатин во кој му ставив изблендирани јаготки Се надевам може вака . Ич не ме бива сама да го кажам рецептот
Оти толку слабо интерес за јаготките? Бар "домаќинките" да замутеа нешто . Или само баници и теста ви се предизвик
^ скапи се јагодите едно канче 150 денари, а за да направиш убав, јагодест десерт повеќе треба Шала на страна, одамна не сум направила некоја торта или сладолед или шо да е од јагоди. Некако овошје за десерт не ми оди па ај колку да ме има во темава да залепам едно сличе јагоди, ако се погодат киселки, со малу шеќерче
Рецептов е од тетка ми која живее во Унгарија, па пробав и јас да го направам вчера Spoiler *Состојки: 100g брашно ( Szafi free Express, унгарско природно брашно) 45g еритрит , 2g хималаиска сол 20g јаболков оцет 170g млака вода. * Фил: Шафран џем, приближно 300-350 g јагоди, и еден еритрит (природен шеќер) * подмачкување: џем од кајсии, неколку капки кокосово масло... јаболковиот оцет, солта, водата, и додадениот еритрит се мешаат потоа се додава брашното и се замесува со рака, се остава 15-20мин. Во меѓувреме се мијат јагодите и се мешаат со засладувачот, по поставувањето на тестото, се делат два или три дела на парчиња, се реди смесата се превиткува и се пече. Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 35 мин.
Јас јаготки слабо, од пазар ми се кисели, а дворов никако да роди. Штом роди прва работа која ќе пробам е рецептот на @Luciferovog zlo♧ па после сладоледите на @SofiMar_
https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3#post-3930853 Анкетата е ставена
Ви благодарам на сите кои гласавте, искрено не очекував, сите рецепти беа супер, мило ми е што Ви се допадна мојот Дали може тема за мафини, доколку веќе не била?
Мммм мафини Ќе го скршам мразот овојпат. Имав можност во минатиов период да експериментирам со многу рецепти за благи мафини и пред се првенствено да се фокусирам на нивниот изглед и декорација со фондан, но сепак имав среќа и пронајдов перфектен рецепт на мафини кои се приготвуваат прелесно, добиваат совршрни форми во калапчињата, одлично го држат фонданот и тоа им се аплицира директно додека се топли без помош на путер крем и дефинитивно се превкусни. Чоко-лешник мафини Рецепт Ја загреваме рерната на 180. Во сад матиме 4 јајца, 1/2 литар млеко (може и јогурт ) , 250 мл масло, во друг сад просејуваме 1/2 кг брашно, 350 гр шеќер ( ако ставаме јогурт може и повеќе ) , лажиче сода бикарбона, 2 кесички ванилин шеќер и 1 кесичка прашак за печење и по желба какао 2 лажици. Оваа смеса ја вмешуваме во садот кај јајцата. Калапчињата ги намрсуваме и ги полниме до пола. Во сад настрана сецкаме 4-5 чоколади ( за готвење или уште добро млечни )на коцки и наросуваме во калапчињата. Наросуваме и кршени лешници. Ставаме во рерна да се печат 15тина минути. Излегуваат 25тина мафини. Мирисаат неодоливо и скоро е невозможно да избегнете да си го изгорите јазикот - парченцата чоколадо се растопени и жешки