Тирамису мафини Spoiler: Рецепт Тесто: 100 г путер или маргарин 180 г шеќер 2 јајца 200 мл млеко 120 г брашно 2 лажички пециво 4 лажички ванилин шеќер Јако кафе, ладно и цедено Фил: 200гр. Маскарпоне 200гр. Несолено крем сирење 50гр. Путер 1 лажичка ванилин шеќер или екстракт од ванила Шеќер во прав по вкус, по рецептот е 250гр, но јас ставам помалку Путерот се топи. Јајцата и шеќерот се бијат убаво се додава млекото и путерот. Се меша убаво, се додаваат сувите состојки и се меша полека. Се ставаат корпиња во калап за мафини, се полни калапот и се печат на 175 степени дури да добијат убава боја и да се суви внатре (се пробува со чепкалка). Се оставаат убаво да оладат. Маскарпоне крем Во миксер се мешаат убаво сирењата со путерот. Се додава прав шеќер и ванила шеќер(екстракт) и се меша со миксер полека, да се добие убав крем и се става во фрижидер. Ладното кафе се истура во мал длабок тањир. Корпињата се вадат полека од мафините. Половина од колачето се мака во кафето 2 секунди, се брцка и се вади да не впива многу колачето и се редат во чинија за сервирање. Се става од кремот и се поросуваат со какао
Мафини со вишни Spoiler: Рецепт 2 филџани брашно, 1/2 филџан шеќер, 1 пециво, 2 јајца, 1/2 филџан масло, 1/2 филџан млеко. Сето ова се меша, се полнат калапите и одозгора се ставаат исчистените вишни претходно извалкани во малку брашно. Се пече 10-15 минути на 200 степени. Се посипуваат со шеќер во прав.
Ги правев по рецептот на @Annath : Потребно е: чаша и пол обично, бело брашно пола чаша пченкарно брашно - дава крцкавост прашок за пециво сол две јајца чаша млеко пола чаша масло 400 г сирење. Се мешаат сувите состојки - двата вида брашно, прашокот за пециво, солта и сирењето/кашкавалот (или што и да ставате - важно да се измеша убаво со брашното, за да не ви слегне на дното на мафините, оти после тешко се одлепуваат). Посебно се матат јајцата, млекото и маслото и се додаваат на сувите состојки. Убаво се меша и се става во хартиени модли во калап. Се печат 20-30 минути во рерна загреана на 180 степени.
Мафини со вишни и чоколадни трошки Две јајца се матат со 100 г шеќер и ќесичка ванилин шеќер додека да добијат светложолта боја. Се додаваат 100 мл млеко, 70 мл масло, 225 г брашно помешано со две лажички прашок за пециво, 80 г кокос и 100 г сецкано чоколадо. Се меша убаво, се става во калапи, одозгора се ставаат вишни и се посипуваат со чоколадни трошки. Се печат 25 минути во загреана рерна на 180 степени. Ова е оригиналниот рецепт, а мојата модификација беше во тоа што не ставив чоколадо и кокос во тестото, ставив две раце фино мелени бисквити, а друго се е исто.
@Annath , со вишни ,а . Колку мафини излегуваат од прилика од оригиналниот рецепт? И јас ќе ги правам без кокос
И не планирав. Ама ќе појачам малку на чоколадото Едит : сега видов . 100 гр чоколадо имало во рецептот . Доста е. Мене првично ми се виде 10 гр
Ах, касно ја видов темава. А, баш се думав утрово меѓу тенки палачинки, Американски и солени мафини. Ај и за вечера солениве не се лоши можеби ќе се придужам, па сега да видам другите какви се да видам кои ќе ги пробам следната недела, ако не успеам денес да напрам свои.
https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-3 Анкетата е ставена, можете да гласате