Еве јас да ја испоштувам @SofiMar_ купив вафли, најобично со крем и искршено колаче колку за декорација
Вчера бев Кам и ги видов вафлите, искрено не ми фатија око зошто јас сигурно немаше да јадам ради броење калории, а брат ми е комплициран и беше ризик. Особено кога и тука и во темата за што купивте последно читав дека немаат вкус, или бар лош, а брат ми е со „префинет“ вкус па неќев да давам пари за џабе.
не е лично ништо, ама јас тука не гледам рецепт, поентата е да се зготви нешто а не да се сервира за јадење
Јас признавам апарат за вафли немам али во план ми е месецов да го земам од делимано тој што е 4 во 1
Смеса за вафли: 250 гр. брашно 2 пецива 3 јајца 1 ванила 2 лажици шеќер 60 гр. путер 450 мл млеко Се одвојуваат жолчките од белките и се мати цврст снег. Во друг сад се матат жолчките со шеќерот и ванилата додека не се добие бледо жолтеникава боја. Се додаваат млекото и растопениот путер и се мешаат. Во истата смеса се додава и брашното и се мати со најмала брзина. На крај се додаваат белките и се меша со жица за матење. * За секоја вафла во апаратчето треба околу 10-12 минути за да е убаво испечена. ** Од смесава мене ми излегуваат 8 вафли. Премачкана е со еуро крем растопен на пареа. Врз него ставив кругови банана, јагоди, две топки сладолед од ванила и малку чоколаден прелив. Spoiler: Бонус слика
Идеи послабо, единствено што ми паѓа на памет, а мислам немало таква тема е ,, Јадење што би го зготвиле на странец " Ај @LiliBoz и остали предложете нешто, ако не ви се допаѓа темава.
Мислам дека и не треба веќе толку да се инсистира да не се повторува темата. Мој предлог е лесен летен оброк, на пример.
Незнам за другите ама мене ми е лесна манџава.Ако беше друга поентата не ме гласајте Ролни од црн патлиџан: Еден поголем патлиџан и еден помал. Околу 300гр мелено месо Сос од домати (може и рендани патлиџани) јас ставив едно пивско шише домашен сос . Зачини,сол,магдонос,бибер за меленото, и босилок за сосот од домати Рендана главица кромид Две лажици павлака,јајце,и малку леб. Патлиџанот го сецкаме на танки ленти,па го посолуваме и оставаме 20тина мин.Потоа го миеме оставаме да се исцеди.На мн малку масло го запржуваме кратко а предходно со хартија го забришуваме убаво.Меленото ,павлаката,јајцата,кромидот средата од едно крешниче,и зачините ги месиме убаво и потоа на секоја лента ставаме малку месо и вртиме ролна.На тавче ставаме од сосот и врз него редиме од ролните.На крај го истураме остатокот од сосот.Покриваме со фолија и се пече околу 40тина мин.На крај се допекува без фолија.Се јаде со павлака или кисело млеко. Добар апетит,превкусни се