Мене летна манџа ме асоцира на нешто шо се прај брзо и е претежно зеленчуково. Значи има печени зелени пиперки, лупени и зачинети со сол и масло. Црн домат и лепче намачкани до скроз малку маргарин и поминати на тостер. Ептен кревко јајце варено. И домат, маслинки и парче бело сирење. Колку се квалификува не знам, ама лесно, летно, зеленчуково и најважно - вкусно.
Го развртев вокот. Се е сецкано на кратки стапчиња. Се пропржуваат кромид и морков, се додава сецкана пиперка. Од кога ова ќе се пропрши се додава и тиквичка, па малку подоцна и печурки и се пржи додека не испари водата од печурките. Зачини: кари, соја, чили во прав, сол и бибер. Лесно и набрзина. Јас би макало, ако прави некој, со сиренце. Ќе ја терам мајка да ми прави викендов сам човек за ништо не е
Салата со модар патлиџан Исецкана рукола и марула зачинувам и додавам патлиџани и печени модри патлиџани (јас ги печам на тостер 10 мин) исечени на кругчиња. Додавам парче сирење и балсамико.
Ќофтиња во доматен сос во зовриена солена вода ставаме 150 гр ориз да се вари 10тина минути. Процедуваме. Ставаме 500 гр мелено месо во поголем сад, го додаваме оризот, лажиче сушен зачин, лажиче сенф, едно јајце, по вкус оригано, босилек, нане, магдонос, малку лебни трошки. Замесуваме да добиеме хомогена смеса, правиме топчиња големи колку орев и кратко ги пропржуваме. Во тенџере на оган ставаме шоља вода со пола коцка за супа да врие па додаваме 500 мл томатело, зачинуваме со 2 лажички шеќер, пола лажиче сол, малку сенф, и ги додаваме ќофтенцата. На тивко се крчка 20тина минути. На крај додаваме свеж магдонос.
Јас мислам дека ништо нема да ме предомисли дур дојди време за гласање. Огладнев од сликата и рецептот. Буквално одам да проверам дали имам мелено.
Ме потсети на времето кога бев прво одд.Баш оваа манџа ни ја даваа во школо за ручек(бев во целодневен престој) Баш ја сакав.
Леле Бубале и мене “ме купи” со сликава Ме потсети на детство,на баба ми покојна,идентично ги сервираше,се си мислам и рецептот е тој Ке проверам утре Баш ти фала
Јас не сум од Ск и во мојов град неможам да најдам никаде чедар.Каде има во Ск?Барав еднаш во веро мислам беше и немаше.
Јас еднаш имам начекано во веро чедар парчиња спакувани, беше во мало фрижидерче кај морската храна. Од тогаш немам видено.
Здравоооо Само да Ве поздравам и да се пријавам дека ја следам темава Во последно време не најдов ни секундичка за коментари... Нооо, си знаете, сите сте супер