Jas glasav za @anel i toa prviot glas vo anketata, go dobi od mene Za tezina na izgotvuvanje, estetika, a mi deluva i mnogu vkusno...ma da go jades od slika.
Мммм... Читам, читам... И не можам да се изначудам ... Кампања сте развиле за да соберете гласови!?? Плус „фантомски“ гласачи од непрочистен список !!! А јас се чудам што никој не ми ги гласа јадењата!!! А колку се потрудив тенко да го исечам компирот и како министра да наредам во тавата !!! Spoiler: ШАРМ Се зезам, знаете!!! Темава ни е прекрасна - ред храничка, ред шармантни муабети !!!
Јас читам муабети - нигде компири не најдов. А таман една тема имало што знам да ја зготвам и пропуштив шанса. Ајде следна тема ако дадете некоја полесна.
@Val-Dim имаш уште време да ги активираш фантомските гласачи И на тоj/таа што ме гласал/а како што ветив еве компир
Јас наминав да видам стање Водам уште а? Лажам, @Abrakadabra ме викна. за првиот глас, значи ти повлече нога. Вкусен е, вкусен компирот, остај овие со кампањата против слаткиот компир
@RainBow изгледа треба да се затвори анкетата и да се прогласи победникот.. да ја видиме новата тема Честитки Анел! И покрај кампањата против слаткиот компир, ете..
Честитки @anel, можеш новата тема да ја објавиш. Патем, кога стои горе дека е затворена анкетата не мора на мене да се чека, јасен си е победникот, па јас само ќе го сменам насловот, да не се кочи работава.
Победив? Јеееее Толку давате за победа? Како за првпат на темава добро е. Благодарам на сите што гласавте за мене. Нареден пат очекувам пак исто да гласате. Власт не се дава лесно Се мислев дали да ве измачам малку или нешто полесно, ама еве штом има желба за полесно нека бидат Палачинки Благи, солени, американски, јадења со палачинки, се што ви падне на памет, а вклучува палачинки. Може?
Минатата недела така со компирот, сега еве исто. Море деновиве ќе се ,,развртам,, и ќе направам нешто палачинкесто цел свет да се чуди ...е добро де, може и да не направам...само се силам така
Ајде..и гласањето...ти за мене, јас за тебе Ако се приклучат Серафимка, Анел...нема никој за нас да гласа....вака бар по еден глас ќе обезбедиме П.С. и го молам идниот победник нека стави тема ЈАЈЦА...па да видите кој најубаво пржи јајца на око