Кога сме на тема лесен летен оброк... Јас биии сакала... Сите сте супер, од секое рецептче би каснала Ноо, секогаш гласам за кандидатот за кој што мислам дека за прв пат не дружи во темава... Гласано за @DAngel, лесно и брзо, со задржани хранливи состојки
Благодарам на сите кои го дадоа гласот за мене. Се надевам рецептот ќе се најде во нечив тефтер и на нечива трпеза. За нова тема, верувам соодветно е ОВОШЕН КОЛАЧ!
Уфф што убаво. Ајде сега @WORRIED.BT и @Bubce38 мислам они беа мајсториците со колачот со вишни, кој уште го сонувам, а не сум го направила. Бубале темата е супер, баш има машта за свашта
Еве јас прва: Колач со вишни Spoiler: Рецепт Тесто: Се матат 4 јајца 4 лажици шеќер и 4 лажици брашно Се пече на 2000Ц. Фил: 300 грама вишни, 300 грама шеќер и 600 мл.вода се варат 10 мин. Во истата смеса се додаваат 2 пудинга измешани со 100 мл.вода. Се вари уште 5 мин. Се прелива врз тестото и се лади. По желба се премачкува со хопла или шлаг. Јас го правам во ѓувеч тавчето за да излезе потенко. Највкусно е е кога е ладно од фрижидер.
Колач со јаболка. 3 јаболка 125 г брашно (за растресито тесто) 175 г кафен шекер(за растресито тесто) 250 г путер (за растресито тесто) 65 г кокос (за растресито тесто) ½ лажичка цимет (за растресито тесто) 450 г брашно 250 г шеќер 4 јајца 115 г путер 1 пакетче пециво прстофат сол Во пластичен сад измешајте 125 г брашно со кафеав шеќер, цимет, кокосово брашно и 250 г путер исечкан на коцки. Со раце месете се додека не добиете растресито тесто. Јаболката излупете ги и изрендајте ги.Остатокот од путерот (115 г), заедно со шеќерот и прстофат сол, со помош на миксер, изматете го. Додадете ги јајцата , едно по едно, притоа константно мешајќи. Додадете го и остатокот од брашното и прашокот за пециво.Во калап за печење, намачкан со путер или обложен со хартија, ставете пола од сместа, распоредете ги ренданите јаболка и пола од растреситата смеса. Одозгора ставете ја останата смеса и растреситото тесто..Печете во загреана рерна, на 180 степени, околу еден час. Оставете малку да се олади, наросете со шеќер во прав и сервирајте! Овој е оригиналниот рецепт,ама јас цимет не ставив,ставив малку рум во јаболката,и одозгора наместо шекер во прав поросив со кокос.
@WORRIED.BT ke stavas sliko od kolacot ili da stavam?? Matna e slikata nenameneta za natprevar,ama vkusen bese kolacot.
Немaм убaвa сликa oд кoлaчoт.. Ај ќе прoверaм уште еднaш.... Едит: Дефинитивнo немaм...милиoн пaти гo имaм прaвенo aмa немaм сликa сooдветнa..
Куглоф со овошје Јас во колачот ставив 3 праски и 4 сливи, а декорирав со малини и цреши и топено чоколадо (следниот пат ќе пробам со бело чоколадо). 3 јајца 1 шолја сенаменско брашно 1 шолја интегрално брашно 5 лажици шеќер 1 лажица мед 2/3 шолја јогурт пола шолја масло 1 лажиче ванилин шеќер 1 лажиче цимет 1 пециво Сите состојки се мешаат со миксер и се истура содржината во калап или во тава. Се додава овошјето и се пече на 180 степени 45 минути( ако е во тавче 30 мин) Spoiler еве да се види овошјето
Еве уште еден колач со јаболка 3 јајца. 200гр. шеќер 100гр. путер 200мл. млеко 200гр. брашно 1пециво Сок од лимон/кора од лимон прстофат сол лажиче цимет 4,5 јаболки излупени и насечени на тенки парчиња. (Може и повеќе) Се пече на 180° околу 45-50 мин. По желба се наросува со шеќер во прав.
Да бидам искрена, твојот колач за кој се дискутираше во 40ката е причината за мојот избор на оваа тема! Чинам и таму имаше ставено слика.Или некоја архивска избарај. Макар и матна била, да ставиш одма!!!
Колач со овошје Рецепт 5 јајца 14 лажици шеќер Тоа се мати со миксер. Потоа се додааваат: 14 лажици млеко 14 лажици зејтин 17 лажици брашно 1 пециво 2 ванили Сето тоа се меша се става во подмачкан плех, озгора наросувам гриз и го ставам овошјето , кое може да биде по желба. Користев замрзната мешавина од малини и капини и малку кајсии од компот. Се пече во загреана рерна на околу 200степени околу пола час. Се декорира по желба.
Ајде бе немора да биде посебно декорирана слика Каква е таква е.И јас не ставам уметнички слики како што гледаш
Леле имам толку избор на овошје денес, ама растурени сме дома. Ако средиме кујната до вечер учествувам. Ако не ќе пробам некој рецепт од тука од утре. Пс. Имам фаворит веќе.
Колач со черешни Рецепт: 4 јајца 1 и пол шоља шеќер 1 и пол шоља јогурт 1 шоља масло 1 и пол шоља брашно 1 пециво 300 грама черешни арома ванила Ги исчистив черешните и ги ставив да отстојат во затворен сад во кој додадов малку арома ванила. Рерната ја вклучив на 180 и со миксер ги изматив јајцата и шеќерот. Кога добија убава пенаста текстура го додадов маслото па јогуртот. Брашното и пецивото ги измешав и ги додадов на крај. Турив во обложено тавче и ги додадов черешните кои имаа пуштено и сок. Печев 40тина минути при што на половина покрив со хартија за печење за да не загори. Откако се излади пресеков коцки и наросив шеќер во прав.