Ауууу сум победила Ова ради коктелот е , знам Ич немам идеја Ај помагајте 1. Палачинки 2. Гулаш 3 . Појадок кој би сакале да ви го спреми саканиот / или ако веќе ви спрема дајте пофалете се . Бирајте
Појадок за/од саканиот Да нема некој кој се чуствува дискриминиран, може и појадок кој си го спремаме сами за себе, да се почастиме
За да не се чувствува некој дискриминиран, затоа напишав како опција да има - појадок што би сакале да ни го спремаат саканите . Еве мене маж ми нема шанси никогаш да ми зготви нешто . Би учествувала со нешто од мене направено , нешто кое би сакала да ми го направи тој. Ама нема шанса никогаш ,знам
Да, да, те сфатив. Сакав да вклучиме и трета категорија. Што немаат сакан, па сами себе што си спремаат. Како и да. Појадок со многу љубов (и некое сланинче, јајце на око)
Ако немаат моментално , еден ден ќе имаат . Па нека си направат нешто што би сакале утре другиден да и направат
Првично тоа ми беше замислата . Сакав да го подлажам мојов да ми направе нешто . Се ме " тера " да се уклучил некако и он на фемИни. Па сакав да му дадам шанса
И сега? Појадок за саканиот? Појадок од саканите? Тоа значи дека вие не се натпреварувате, друг треба да готви @Bubce38
Па шо знам Само појадок Или само ручек / вечера . Многу ми е општо некако ,како да нема никаква цел темата
Ние кога јас,кога он си правиме појадок,ама уште од вечер дека овес јадеме па да ни се накисне .Ама нема да учествувам дека не е ништо креативно шол со овес со суво овошје хахах.
Сакани за кои готвам се моите дечиња, но додека трае натпреварот не се со мене, а деновиве спремам за себе и за сестра ми, која исто така ми е сакана, па еве од утрово Чиа пудинг, овесна каша, протеински шејк и кафе Чиа пудинг (доза за двајца) 4 лажици чиа семе 250 мл млеко се мешаат и се оставаат преку ноќ во фрижидер во поклопен сад Утрото се сервира во чинии и се додава овошје по желба. Јас користев банани, праски и малини. Овесна каша 1 филџан овес 2 филџани млеко се вари и кога ќе зоврие се трга од оган . јас тогаш додавам неколку сецкани урми за да го засладат. се сервира и се декорира по желба. јас додадов урми, суви сливи, овесни снегулки, цимет, кокос и малини. Превкусно