Имавме и претходно таква ситуација, од горе наредбата беше да ги почитуваме правилата.. така да, овој пат се решивме да не си играме со горниот Можеш да бираш тема. Честитки за победата
аааааа не е фер често учествувам со рецепти објавени претходно во фи, а овојпат прво тука објавив. кога тема беше торта а воедно и победив, рецептот го имав веќе објавено и тоа пред година дена @SofiMar_ честитки и кажи какво крем сирење користеше?
Бубалче јас колку што знам на воведот на оваа тема пишува дека претходно рецептите не треба да стојат во фемина инстаграм тоа така е откако е темата само што најверојатно модераторите не знаеле и не виделе дека ја има од порано оти било одамна. Но тие се правилата и јас така знам. Инаку убава тема. Јас сакам да видам таен рецепт како да направите пирошки а да не се масни. Мене 2 пати не ми успеа веа мн мрсни и ги фрлив а што сум јадела пирошки не биле мрсни и биле превкусни. Е јас не умеам така па ваљда ќе каже некој некоја тајна за рецептов Чекам рецепти
Знам дека фотографијата не смее да е ВЕЌЕ ОБЈАВЕНА во друга тема Затоа јас прво објавив тука па на фи, а за други рецепти кои сум ги објавувала во фи за во оваа тема користам друга фотографија и правилата си ги исполнувам. Ма секако мојот коментар од погоре е со нота на шала напишан,сепак овој натпревар е од забавен карактер и така и го гледам А сега, пирошки полиција за проверка на фотографии активирај се оваа од мојот инстаграм ја користам па ако е по правила нека ме има, ако не - бар едно рецептче плус за темава Рецепт : се мешаат пола кило брашно, еден сув квасец, прстофат сол и мало лажиче шеќер. 100 гр стопен путер/маргарин, 2 жолчки и 250 мл течност ( пола вода пола јогурт или млеко ) и ТАЈНАТА СОСТОЈКА за да не се масни - едно капаче ракија. Се мешаат и му се додава полека брашното и се меси, се остава да нарасне пола саат и се оформуваат кругови, ги мачкав со кечап, додадов рендани саламче и кашкавалче, оригано и затварав и краевите ги стиснував со вилушка за да направам рецки.Двете белки ги промучкав со вилушка, ги макнував во нив па ги валав во презла и пржев. Во тенџерето каде ги пржев, за да не примаат многу масло користев уште една финта од баба - ставив чечкалица. Па ги ставав на салфетка да упие вишак мрсно и убав доручек беа
Сега те сватив со правилата. Онда не си крива они се криви Ракија дома немам. Ќе мора друга тајна состојка да барам
Не те сватив со чечкалицава во тенџерето.Само така ја пушти во зејтинот?И како она влијае да не упиваат зејтин пирошките?
Да, во маслото едноставно пушти ја и "си се пржи" и таа а како делува не знам, од баба марифет ми е и си имам навика секогаш кога пржам да ставам
Чечкалицата е колку што знам за да не гори маслото при пржење, нели делчиња ако имаат останато од тестото и загоруваат. Исто и зрна грав некои ставаат, ама не сум пробала
Овие се интегрални Се прават прво палачинки. 200-250 гр интегрално брашно, 100 бело, 200 мл млеко, кисела вода од око ставив спрема густина, 2 јајца , малку ванила и сол. Потоа се филуваат по желба( овие се со сирење) се валкаат во јајце, па презла и се пржат на јако сосем малку.
Ај и јас да учествувам со нешто од архива. Пирошки со сирење и шунка. Ги правам цело време по ист рецепт, најубави ми се. Рецепт : 3 шољи вода,3 лажици зејтин и малку сол се става да зоврие,откако се ова ке зоврие се додава 3 шољи брашно и пола пециво и се убаво се меша со дрвена лажица. Треба да биде меко тестото. Откако ке се олади тестото зема од него мало топче се расукува се става внатре по желба(сирење,салама итн) потоа се ставаат пирошките во јајце па во презла и се пржат...
Spoiler: Рецепт Многу едноставни а превкусни палачинки Се прави смеса за палачинки само со брашно и вода Од како ќе се готови ги полниме по желба,јас ставив моцарела и сувомеснато Се поховаат,прво во јајце со лажичка сенф па во презла и се пржат во повеќе масло Spoiler: Уште слики
Пирошки со милка и пирошки со крем со сецкани лешници Spoiler: Рецепт + слики Потребни состојки: - Бриош леб - милка ( ја користев една алпина, друга со јагода од големите) - крем ( користев Лино Лада со лешници) - презла - 2 јајца Подготовка: Се засекуваат корите на секоја кришка леб и се тргаат настрана. Средишниот дел што останува од секоја кришка леб се сука да добие рамна површина и потоа ставате дали ред милка или мачкате крем и виткате. Се валкаат во јајца, па во презла и се пржат. Освен со милка или крем, може било што внатре да им ставите. И солени може да бидат.