4 моркови Околу 200 гр брокула 1 поголем компир 1 пакетче супа 1 пилешка коцка за супа Зачини Се ставаат прво морковите, компирот и коцката да се варат, од како ќе омекнат се става пакетчето супа и брокулата. Се вари додека омекне брокулата. Јас ја јадев и со еден лимон истискан.
Во масло упржувам рендан морков,додавам вода да зоврие со вегета и црн пипер. Кога врие водата додавам фиде и откостен батак на ситни парчиња. Додавам магдонос.Кога е готова и изладена додавам јајце изматено со јогурт.
Пилешка супа Во претис лонец се варат неколку бутчиња. Водата во која се вареле се прецедува, и' се додаваат сол, коцки за супа, сушен зеленчук комплет за супа, моркови и пред да зоврие се додаваат брокули ,месото од претходно сварените бутчиња и фиде. Се сервира и се додава цеден лимон по вкус.
Крем супа од тиквички. Ставив 2 исецкани тиквички, праз, моркови, зелена пиперка, сол, црн бибер, сув босилек и магдонос.
Супа со кнедли Морков на тркалца и коцки, мих сушени зеленчуци, говедски и пилешки буљон, гриз, јајце. Кнедлите -,едно до две јајца,пар лажички гриз..со лажиче се оформува и става у зовриена зачинета вода. Сркензи и ќутензи. Spoiler
Супа (чорба) со стек 2 чешниња лук и два рендани моркова се запржуваат. Се додава 300 гр стек ситно сецкан, се запржува. Се налева 200 мл вода, се додава ловоров лист и 2 коцки за суп кога ќе зоврие. При крај топче и пол фиде и се прави запршка од 2,3 лажици брашно , да поврие 2,3 мин и магдонос на крај додадов. (Прилог-лук, оцет, магдонос, лути пиперчиња и топол багет )
Крем супа од праз и компир. Потребно за 4 лица -600гр. праз -300гр. компир -60гр.маслиново масло Се варат колку да омекне компирот, се блендират. Се додава зачин по вкус, маслиново масло, рендан пармезан.
Ја видов темава и де сетив дека сабајле правев супа. Ништо посебно е рецептот стандартен е. Вода со коцка за супа зоврива се става фиде сецкан морков и грашок. По желба и некој зачин
Телешка супа. Се пржи кромид,се додава телешко месо ,морков и малку брашно,кога ке се пропржи ,се додава вода и се вари околу 50 минути ,на крајот фиде, магдонос и малку сушен пашканат.
Крем супа од наут 1 поголем сладок компир/батат,1 мал жолт компир,100тина грама наут(претходно омекнат)половина главица црвен кромид и малку чили. Зеленчукот се продинстува 5-6 мин,па се додава 500мл зеленчуков бујон.Се вари 10тина мин,па се блендира.Јас додадов лажица павлака,повкусно ми е,рецептот е без неа,и е веган/посна
Зеленчукова крем супа со домашни кнедли Spoiler: Рецепт Се варат морков,компир и кромид,кога се веќе сварени се додава брокула и се блендира Се додава пченка и грашок предходно сварени и се остава тенџерето на тивок оган дури се спрема смесата за кнедли 1 јајце,5 рамни лажици гриз,малку масло и прстофат сол Со мало лажиче се става во крем супата и се остава уште некои 5-10 минути дури се готови кнедлите
Супа со печурки 1 морков, 1 компир, млад кромид (може и праз) и печурки се запржуваат во малку масло. Потоа се додава зачини сол, сув зеленчук, бибер, магданос и се става вода , кога ќе зоврие водата додавам и една рака тестенини, овај пат во форма на букви а може и фиде. Се вари уште десетина минути и готово е.
Гаспачо (ладна супа) Мене ми е жешко за супа ама затоа гаспачо јадеме во лето. 1 среден зрел патлиџан Мало пиперче Пола крадтавица 1 лукче Четврт кромид Неколку шери патлиџани Се зачинува со сол бибер, маслиново, босилок Се заедно се блендира и се додава сусам се служи со лепче или галета Количините се за една порција