Печено месено ако може ) тестото е 2 квасеца во топла вода со шеќер, брашно зејтин сол и 1 чаша павлака. питата е со праз. ролатот е со салама кашкавал. превкусно повеќе слики
Кифли Рецепт: Потребни состојки: -1кг брашно -1 филџан зејтин -1 јајце -300гр. кисело млеко -150мл млака вода -1 квасец -1 лажица шеќер -1 лажица сол -1 маргарин Подготовка: Сите состојки се мешаат, освен маргаринот. Кога ќе се замеси се дели на 8 дела односно топчиња. Секое топче посебно се сука како кора. Се премачкуваат со топениот маргарин и се ставаат една врз друга. Само последната кора не се премачкува со маргарин. Потоа сето тоа се сука убаво,се прави голем круг. Тој круг се сече на 4 дела и потоа секок ден зависно по желба колкава големина сакате да бодат кифлите сечете на триаголници. Откако ќе се направи форма се ставаат во плех и се пставаат да отстокат 1-2 часа највеќе. Откако ќе стасаат се премачкуваат со јајце и сусам се става. Се печат на 200 C°. Откако ќе се испечат се попрскуваат малце со вода и се покриваат со мокра крпа за да бидат меки.
Ако прифаќате дури да излезе анкета, еве ја и мојата Мусака Spoiler: Подготовка За 4 лица: - 800 гр мелено месо (најчесто мешано го земам) - 1 кромид - 1 морков - по желба може малку лук, пиперка... - 1 кг и 200/300 гр компири - 2 лажички сув зачин - 1 лажиче црвен пипер - малку доматно пире - бибер - ѓумбир Кромидот го сецкам ситно, малку го пропржувам/динстам. Го додавам ситно сецканиот морков и потоа веднаш месото. Малку го пропржувам, ги ставам зачините, налевам со малку вода и оставам малку да прокрчка. Во меѓувреме ја палам рерната на 250 и ги спремам компирите. Компирите ги сецкам и ги сецкам на крукчиња, пола одат долу, па месото и пола горе. Ја печам додека се испечат горните компири. Ние мусаката ја сакаме и јадеме вака, не прелевам ни со бешамел, ни со јајца. Наздравје!
Ајде тема @zhap4e Да се активирам малку и јас Само немој, барски мушички во сос од јазик од ларви, дај нешто поедноставно
Нема, Рефи Зелка ми се јаде уште од дента кога требаше да се готви за темава. Сармине уште повеќе ме настрвија. Рецепти со/од зелка, бива? тенкју Лили
Моментално јадам па ај да споделам и тука Витаминска салата сецкани зелка, морков, цвекло, зачинети со маслиново, малку сол и мнооогу лимон, + кисели краставички а да имав би додала и маслинчиња
Абе па има еден рецепт , денес ставаш за ден два готова е туршијата се јади , можи само зелка , можи зеленчук само исто е .. Ние веќе скоро месец дена си јадеме зелка
О ноу , не ме бива за фини рецепти Ако се важе салата зелка со црвен пипер и лукче а за ова др до вечер ќе ми препратат рецептот , па ќе го пишам
еве ова , прајте к.зелка кој што си јаде ставајте плус , за ден два спремно за јадење За 5 кг зеленчук 3.5л вода 1л оцет 250гр шеќер 150гр сол 1п бибер у зрна 1 винобран 1 конзерванс 3/4 листа ловор
Подварок. Пола кисела зелка ја дробам на ситно.Ја ставам во тенџере со малку масло пропржувам кратко и ја оставам да,се вари 2 сати. Ваѓам ја ставам во тепсија,попарувам со врело масло и потпекувам 15-20 мин. Наздравје. Spoiler: Бонус слика
Јас планирав утре зелка да правам, ко да сум знаела Ако не ме мрзи да направам, ќе сликам. Шиме да беше тука секељи гулаш ќе направеше...
Откако ја видов сармата на @SofiMar_ не ми излегуваше од глава, а сарма ми е едно од омилените јадења па едвај дочекав денес да си направам. Сармата е со свежа зелка, мене така ми е многу повкусна. Зелката се става во посолена вода што врие да омекнат листовите. Се запржува една главица кромид и еден страк праз, се додава месото да се пропржи и на крај оризот. Се зачинува со сол, црн бибер и вегета. Се редат сармичките во тенџере (на дното се ставаат листови зелка, а врз сармите чинија ), се полеваат со зовриена вода и се варат на тивко.