Може овесни, веднаш имам спремен рецепт Мафини со јаболки и овес за дијабетичари или диететичари Spoiler: Рецепт За 12 мафини потребно е: 1. За тесто: - 1 јајце - 2-2 и пол лажици овошен шеќер или 1-1 и пол лажица стевиа - 10 лажици течност (млеко, јогурт, може и пола-пола) - 2 шољички зејтин - околу половина прашок за печиво, а не е грешка и цел да се стави - 1/2 или 1 лажиче цимет, по вкус - прстофат сол - 10 лажици брашно од овес (го добивам со мелење на 12-13 лажици овесни снегулки) - 3-4 јаболки (околу половина килограм) 2. За премачкување: мармалад од кајсии со стевиа (на Виталија или некој друг диетален мармалад, а јас имам домашен од сливи, направен со стевиа): - околу 12 мали лажички, на секој мафин по една 3. За глазура: - 1 чоколадо со стевиа (од краш е околу 80 гр, има и темно, јас ставам млечно) - 2 лажици млеко - 2 лажици путер Подготовка: Се мешаат состојките за тестото со маталка и со дрвена лажица. Јаболките се рендаат на ситно и се додаваат. Тестото не е премногу течно. Калапчињата се премачкуваат со путер. Се полнат калапите, доаѓа околу 1 1/2 - 2 лажици тесто, зависно од големината на лажицата. Се печат во рерна, по можност со вентилатор, околу 35 мин на 200 степени. Поради јаболките малку е помеко тестото, ако е без вентилатор, може ќе фати и 40 мин. Кога се готови се вадат тестенцата и може и млаки да се премачкаат со мармалад. На крај се топи чоколадото со путерот и млекото, убаво да се соединат и се става одозгора, доаѓа по една голема лажица на мафин. Највкусни се кога убаво ќе се изладат во фрижидер!
Моментално имам во замрзнувач од колачињата со овес кои си ги прам редовно, така да нема смисла да прам уште. Ако најдам некој рецепт кој ќе ми фати око ве дружам.
Овесот е застапен во мојот појадок секое утро. Еве една идеја за здрав смути појадок со овес од мене Црвен дел : блендирани банана, малини и аронија. Жолт дел : блендирани банана и јаболко. Зелен дел : блендирани банана, киви и спанаќ. Овесните снегулки најчесто ги блендирам заедно со овошјето, но овојпат поради потенцирање на боите ги оставив цели. Брз и вкусен појадок А пред се здрав.
Овесни кукис со вишни (без печење) Пола шолја овесни снегулки една лажица чија една лажица ленено семе една лажица кокос цимет 2 раце суви вишни (отприлика) Се топи едно млечни чоколадо со малку кокосово масло (јас користев добрина) се додаваат сите суви состојки претходно измешани и се меша добро. Со лажица од смесата се полнат калапи околку 1 см дебел слој. Се ладат 15 мин во замрзнувач, па се вадат од калапите, и понатаму се чува во фрижидер. Од оваа доза излегуваат 6-7 колачиња со големина на кукис.
Овесни снегулки Овесни снегулки, чиа семе, сончоглед, јогурт и малку млеко се мешаат и се оставаат во фрижидер преку вечер. Наутро им се додава свежо или замрзнато овошје, во случајов малини, и се јадат за појадок. Ова да го јадам секој ден домкрај на живот, нема да ми здосади.
Овесни палачинки 100 гр овесни снегулки 2 банани 2 јајца 1к.л. сода бикарбона Се меша се во нутрибулет. Се пржат палачинки (како американски палачинки). Се декорираат по желба.
ОРЕО ЧИЗКЕЈК ОСНОВА 230 гр орео колачи 130 гр путер Се дробат во блендер колачите. Путерот отстојан и омекнат на собна температура се меша со издробените колачи и се соединува убаво со рака. Смесата се става на дното на калап 24 см со стегач. ФИЛ 250 гр сирен намаз 100 гр маскарпоне сирење 180 гр шеќер во прав 250 мл слатка павлака 1 ванила 1 желатин 120 гр (или 10 колачи) орео колачи Сирниот намаз се мати со миксер заедно со шеќерот во прав и во него се додава маскарпонето. На страна се мати слатката павлака и таа се додава во претходната смеса Желатинот се потопува со 4 лажици вода и се остава да набабри, а потоа се загрева или во микро или на тивок огин. Се растопува (но не да зоврие ) и се додава во претходната смеса и се мати за се заедно убаво да се соедини. Во филот додаваме искршени колачи и туриваме врз основата и оставаме во фрижидер да се стегни ЗА ДЕКОРАЦИЈА 100 гр орео колачи искршени
Штрудла со јаболка и сливи Ова е омилениот зимски десерт/ ужина кај нас дома. Пола кило кори готови 6 јаболка рендани Една кесичка сливи Гриз Една рака суво грозје Цимет 100 мл масло Една лажица шеќер Фил ренданино јаболко или сливи и суво грозје, две лажици гриз, малку шеќер, цимет) Се редат 3 кори една врз друга со масло попрскани измеѓу и се става од филот на крајот од кората. Се витка и се става во намастено тавче. Се редат сите свиткани кори и се попрскуваат со маслото што останало. Се печат 30 минути на 180 степени. Мене ми испаднаа 5 ролни од кои 2 со јаболка, една со сливи. После печење се сечат и се попрскува со шеќер во прав. Првиот ден крцка штрудлата а вториот ден ако стои во кутија е мека.