Ајде нека биде некоја тема традиција или празнична или еве сега за василица.. тоа е во повидок за неколку дена.. Васичична трпеза или традиционално наше јадење .. Не знам еве и други членки да кажат Нека има повече избор битно да се готви и да постира..
Ние зошто не прајме Бадникова трпеза праев пауза ама новава тема ми е далечна и сакам да научам да прам нешто. Па се надевам дека до Недела ќе склопам нешто, еднаш да ја прашам мајка шо би ми предложила. Ако не склопам ништо барем ќе соберам некој рецепт за покасно.
Да скратам, оти постирав и избрашав,пошо се измрцварив со едитирање од телефон. Подварок со кисела зелка и ребра. Се динста малку со ловоров, се запржува кромид, црвен пипер, се полева..ребренцата внатре и се крчка. Прилог..везена сува, запечена на рингла. Не ми омилено,не е свечено, ал е традиционално.
Милипрод Се ставата 2 квасци да стасаат во 250 гр млеко и малку шеќер и брашно.Потоа се додават 4 јајца,250 мл масло 200гр шеќер,кора од лимун ,2 ванили,суво грозје и околу1200 гр брашно.Се меси убаво,се остава да скисне,се замесува пак и уште еднаш да скине .Потоа се дели на 3или 4 дела и се формират плетенки.(од секој дел се прават како ролни кои потоа се плетат)Се премачкува ао јајце и се пече 45 м на 180 С па уште 20 минути на 150 С.Се покрива со хартија да не изгори .По печење се премачкува со масло.
Еве едно традиционално охридско јадење Се спрема на Василица и во неа ја бараме паричката. Охридска топејнца Рецептот е Една мера вода со малку шеќер и малкучка сол да зоврие па се додаваат две мери брашно. Се замесува тесто и се меси дадека стане нелепливо. Се откинуваат катмерчиња, се плескаат со рака намрсена во масло и се редат на плехчето да се покрие цел плех. Потоа со лажица се прават бранчиња а со вилушка дупчиња и се печи кратко додека порумени. По печење се лади, се кршат ситни парчиња и се промешуваат со блага вода и масло и се запекува уште малку. Традиционално, делењето и барањето паре изгледа вака Spoiler: подготовка За многу години!
Јас, традиционално, од сувото овошје од божиќните празници правам колач. Се важи како традиционално јадење? Spoiler: Рецепт Состојки: 130 гр брашно 120 гр маргарин 120 гр шеќер во прав 5 јајца 450 гр суво овошје, сечкано 1 прашок за пециво 1 ванилин шеќер Подготовка: Прво се матат белките, цврсто. Во друг сад се мати омекнатиот маргарин со шеќерот и се додаваат жолчките, една по една и постојано се мати. Се додава брашното измешано со прашокот за печиво и ванила. На таа смеса се додава сувото овошје и се меша со лажица. На крај се додаваат изматените белки и рачно се меша, внимателно. Рерната се загрева на 220°С. Смесата се пресипува во долгнавест калап за колачи, претходно намачкан со маргарин и посипан со брашно. Се става во рерна и се пече на 220°С околу 10 мин, потоа температурата се намалува и се пече на 170°С околу 50 минути.
Ајде да гласаме https://forum.femina.mk/threads/Фемина-готвач-Рецепти-и-гласање.27360/page-5#post-4281984
Фала на гласовите. Како не баш активна во темава, ќе дадам 3 теми, па кажете што ви се допаѓа. 1.Храна што ја спремаме прв пат (ова малку како предизвик за сите оние рецепти што ни стојат долго време непробани конечно да ги направиме) 2.Храна што ме потсеќа на детството 3.(моја омилена) Винска Даска - ладна даска (овде нема многу готвење, не знам дали би ја прифатиле )