Мини пици Гледајте пак оставете ја темата без рецепти, ќе ставам слика во фотофиниш за да победам по втор пат После темата ќе биде јапонска кујна
Богами требало да ставиш. Моја верзија од детството беше кристал маргарин и вегета Ајде луѓе,убави мини пицички Фатете се за работа. Веге, месести со се на нив..
Вака се важи ли? Тестото е за пишии, го полнев со пица фил (шунка,кашкавал, кечап,оригано)и пржев Го имам ставено рецептот некаде низ темава на некоја друга тематика беше Сликата е од сега 300г брашно 1 јајце 100мл вода 1 квасец 1лаж сол и шеќер Кечапот требаше да биде за декорација ама глупавата амбалажа на Витаминка се растече на сите страни.
1 кг брашно 500 гр млеко 1 квасец 2 јајца 2 мали филџани масло 1 лажиче сол 1 лажиче шеќер Се меси тестото од сите состојки. Потоа се дели на три дела. Секој од нив се дели на пет дела, односно вкупно ќе има 15 топчиња. Се сука секое посебно во округла форма и се редат во рамна чинија. Врз секое се мачка маргарин па се реди другото расукано топче, освен на најгорната кора. Потребни се 3 чинии со по 5 теста едно врз друго. Се покриваат со фолија и се оставаат во фрижидер. Не е важно колку време, но што подолго толку подобро-тестото ќе е како лиснато. На крај се сучи голема правоаголна кора од секое тесто посебно, и да не е многу дебела. Се мачка со кечап, се става рендан кашкавал и салама и оригано на крај. Потоа се сечи на ленти дебели околу 1 цм и се виткаат лентите како ролат. Се премачкуваат со јајце, се става сусам и се печат.
Вака се чувствувам на темава... Срам да ми е, дооолго време не сум ја отворила! Не видов коментари, кампањи, борба за гласови... Нооо... Видов многу убави рецепти и нови готвачи Поздрав до сите стари и нови готвачи, прекрасни сте сите За @CrazyOne и @Dust...
Стандард тесто за кифлички. Се расукува поголема кора се премачкува со кечап,оригано и се додава рендана салама и кашкавал.Се прави како ролат и се сечат парчиња.Одозгора секое парче се премачкува со јајце пред печење,сусам и се додава коцкичка маргарин на секое Највкусни се дури се топли
Обично тесто, квасец, шеќер.... Мали кругови тесто, доматно пире една лажичка врз секое, изрендан кашкавал, од таа сецканата чајна од Кам, маслинка и оригано. Толку. Spoiler
За малку ќе поставев во ФИ кога ми текна дека тука темата е мини пици. Прво не е баш пица, ама е мини, во малото тавче ја праев. Ја бери в пајнца така да мислам се квалификува, и то во мала пајнца, не пица пајнца. Ова е здрава верзија на пица шо ја прам кога се осеќам дека можам да изедам цела фамилијарна. Се шо е потребно е јајца и за од горе. Јас добро сматив две јајца и додадов прстофат сол и турив јајцето во мало тавче и го покрив со капак на ептен тивко дур не е водлесто од горе. После турив кечап, кашкавал, сирење и маслинки и затворив пак со капакот дур се растечи кашкавалот и го извајв. Јас ја сакам потенка па ја прам со две јајца, можи и со поќе, а можи и во поголеми тавчиња. Можи дури и во мали калапчиња. Флексибилна пица е. Ако се квалификува - топ. Ако не никому ништо.
Брза солена пита сме имале? Царска, проја... кој што му паѓа на памет? Здрава храна/нискокалорична Ако има некој некоја идеа, нека сподели.
До кога важи темава за брза солена пита ? Имам во план во недела да правам една , па сакам да знам дали ќе го фатам натпреваров или да ја правам поскоро
Пита со спанаќ Денешен доручек 4 јајца 14лаж брашно 1 пециво 1 чаша кисела вода 1 чаша зејтин 300г обварен спанаќ 300г сирење Сите состојки се матат заедно и на печење.
Пикантна погача. 3 јајца,околу една чаша павлака,50мл масло,околу еден шол брашно, пола шол палента,лажиче пецово и малку сол.Се меша убаво да излезе густо а течно.Потоа се додава лажиче вегета пикант зачин по вкус,2 сецкани лути феферончиња,сецкани маслинки,сецкан кулен,дробено сирење,ова се по вкус колку сакате.Јас се одкутура ставав,и незнам колку точно грамажа.Се истура на намрсена тава и се попрскува со печен сусам.Се пече на 180 степени околу 25мин дури добие кафеникава боја и со чечкалица проверувам дали е испечена,сигурно ја знаете финтата .На крај ја покривам со крпа дури олади и омекне убаво.
Брза проја Состојки: 2 филџани пченкарно брашно 1 филџан пченично брашно 1 филџан јогурт 1 филџан к вода 4 јајца 1лаж сол 300гр сирење (јас ставив помалку) На почетокот изматете ги јајцата со малку сол. Пченкарното и пченичното брашно мешајте ги заедно со пецивото. Во јајцата сипете ги јогуртот, зејтинот, к вода промешајте и сипете го брашното. Во оваа фаза сипете ги по желба додатоците за кои се одлучивте и сирењето. Повторно промешајте и сипете ја смесата во тава. Печете на 200 степени половина час додека не добие убава златно-жолта боја.
Ништо од мојата брза пита се извинувам што нема да поставам слика . Причина за тоа што нема да ставам слика е тоа што питата што ја направив не беше како што треба остана жива во средина , а од горе изгоре . Инаку секогаш ја печам на иста температура , се беше вообичаено , додека не ја исеков . Дали до пецивото или до јајцата беше проблемот , не знам . Битно кучињата се насладија . За нас беше ужасна , за нив превкусна . Ајде , здравје друг пат ќе направам нешто , се надевам . Околу питата , нареден пат кога ќе ја правам , ќе поставам слики во соодветна тема ( да не биде дека ве лажам ) , секако ако испадне како што треба .