Па ми изгледаат исти,како нашите мекици. Кај нас во Скопје ги викаат и кори....на пр.јас ги викам,и се прават со обично тесто,посни, без јајца и млеко
Фала ☺️ Немам баш идеја за тема... Што мислите за: - смути - мојот ручек - рецепти со авокадо - рецепти со компир
Честитки! Мене сите предлози ми се супер,но 2 и 4 ке имаат најголем одзив,така мислам. Сепак ти пресечи
@dunika во право си @Dust новата тема нека биде рецепти со компир Може обичен, сладок, печен, пржен, мусака, полнет, во пита... има безброј варијанти
Па веќе темите се исцрпуваат, а компир последен пат имало пред една година. Може и “Мојот ручек” да биде Нека се изјаснат и другите членки што мислат, која тема би имала повеќе учесници
Манџа Пржам една главица кромид и неколку чешниња лук во тенџере па потоа наливам вода и ги додавам предходно спреманите топчиња од мелено месо околу 500 гр (мешани со кромид и зачини) една голема конзерва грашок со моркови и 3 поголеми компири. Се вари 2 часа на потивко. И на крај правам запршка со брашно и црвена пипер.
Полнет компир (Полнев печурки па ми остана од смесата) Еден поголем компир го сечам на половина и го длабам внатре. Пропржувам мешавина од кромид, чајна/кулен/салама, дршката од печурката, додавам зачини вегета и бибер, и на крај тргам од оган и додавам една павлака и кашкавал и сето тоа го мешам заедно. Го полнам компирот и одозгора пак рендам кашкавал и ставам малку кечап. Го ставам во тавче со зејтин и малку бело вино и го печам околу 30-40 минути на 200 степени (зависи од дебелината на компирот). Прилогот кон компирот е истата мешавина со која е полнет само без кечап и кашкавал.
Зеленчукова супа. Сечкан кељ,праз,целер,морков и компири на коцки,се динстаат кратко на маслиново масло,па се додава рака фиде и литар бујон.Се вари 10-15 мин на средна темп.