Oh yeaaaah мојата прва победа тука Што мислите за крофни? Погледнав наназад, одамна ги немало? Може ќе има слични рецепти ама различна декорација. Може благи, солени, од апаратче, рачно...?
2 јајца, 2 лажички шеќер, 1 шолја јогурт, 1/2 чаша зејтин, 1 кесичка пециво, 16 лажици брашно. Во апаратче за крофни се печат и за декорација употребив топено чоколадо и мрвици.
600 мл млеко (може и половина вода, половина млеко) 1 прашок за печење, 100гр шеќер, 150мл зејтин, 1 стасан квасец, брашно по потреба (околу 1кгр)
Гледам сум имала слика од пред месец дена што правев . Па ај да ставам и јас ( различна слика е од таа што ја постирав у темата 40+-). Крофни со чашка 2 јајца 0,5 л млеко квасец малку масло прстофат сол 3 лаж шеќер брашно по потреба ( околу 1кг) Се замесува тесто на меко . Се расукува кора колку еден прст . Јас ги 'вадев' со чашка . Срединката со капаче од сок Стасуваат околу еден час така извадени . Се пржат во повеќе масло
0,5l млеко, 4 јајца, 1 квасец, филџан шеќер, филџан масло, брашно по потреба. Се меси меко тесто, се расукува кора, "сечев" со поголема чашка и капаче и јас ко @Bubce38, испаднаа ко од апаратче овој пат
3 јајца Пола печиво 1 ванила 1 квасец Млеко по потреба млако да биде 1кг брашно 1 филџан шеќер 1филџан масло Малку сол Се замесува тесто на меко . Се расукува кора колку еден прст . Јас ги 'вадев' со чашка од ракија Стасуваат околу еден час.се пржат на загреано масло
Пааааа Околу лажица -две одприлика Дојди ти Одма ќе засукам ракавите И спанаќ ќе си набереш. Само да го видиш каков е
Бело чоколадо за готвење топено на паера со прехранбена боја во прав, турив и некоја капка млеко за да е потечно.