1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемина готвач - Тема: Mесо во сос

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од CrazyOne, 4 декември 2015.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.726
    Допаѓања:
    172.715
    Пол:
    Женски
    @An-na честитки. :party:
    Можеш да бираш нова тема(fingers)
     
    На Animali, boomsleng, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  2. unike

    unike Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Може рецепта
     
  3. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Честитки @An-na
    Нема некој посебен рецепт. Оризот што ми остана од претходниот ден (ориз потпечен во тава со кромид, морков, магдонос и компир сецкан на ситни коцкички) го мешам со неколку јајца, зависно од количеството на останата храна. Во случајов јас имав нешто помалку од половина тава и ставив 3 јајца. Во тава за пржење ставам масло да се загрее и откако ќе биде врело ја истурам смесата, пржам минута-две и толку, пак имам вкусен и топол оброк. Важно е маслото да е убаво загреано, тогаш е повкусно.
     
    На duffi, LivingGlam, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.558
    Допаѓања:
    34.866
    Пол:
    Женски
    Јухуууу, ама ми тргна ^_^

    Што знам... :?:
    Спанаќот (зелје, блитва) од минатиот пат сеуште стои како предлог, а може и домашна паста/тестенини.
    Ова второво е попредизвикувачки и поинтересно (барем за мене) само не знам колку ќе биде популарно со оглед на тоа дека не секој дома спрема домашна паста/тестенини. Јас никогаш не сум правела, ама може да пробам (fingers)
    Што мислите за предлозиве?

    Да надополнам, под домашна паста се вклучуваат и јуфките се разбира :)
     
    На Animali, boomsleng, Dust и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.726
    Допаѓања:
    172.715
    Пол:
    Женски
    Убава тема е домашна паста ама не верувам дека многу ќе се нафатат..
    Ама како сакаш - така. Реши се па да сменам наслов:D
     
    На boomsleng и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.558
    Допаѓања:
    34.866
    Пол:
    Женски
    И јас така мислам, затоа и го дадов спанаќот како опција.
    Не знам... ај ако не нека биде спанаќ (блитва, зелје)
     
    На zhap4e и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.251
    Допаѓања:
    284.239
    Сликава сакав да ја ставам во другиот инстаграм, кога гледам тука е темата спанаќ.
    Денешниот ручек.
    Првен запржив кромит, чушка, морков и патлиџан. Потоа го додадов спанаќот и ставив еден шол ориз. Сето тоа го полив со вода, за да се свари оризот и ставив зачини. По потреба се дотура вода.
    Кога беше готово го ставив во релна, да се потпече малку, за подобар вкус, и јајцата на крај.
    Брзо, лесно и превкусно.
    5B64965C-209C-47F5-BD1D-C22EC3D9EA74.jpeg
     
    На Roksifoksi, galapce, Someonespecial и 40 други им се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.731
    Допаѓања:
    4.585
    Пол:
    Женски
    Мене кофтињава ме фанаа за око :D.
     
    На PUPICA, boomsleng, Mari* и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Оваа тема ќе ми биде мерак за гледање! Обожавам спанаќ, а ако успеам и ќе прикачам нешто и јас, колку да учествувам :D Повторно браво за темата @An-na :f:
     
    На boomsleng, zhap4e и An-na им се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.726
    Допаѓања:
    172.715
    Пол:
    Женски
    И мене:$
     
    На PUPICA, boomsleng, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.558
    Допаѓања:
    34.866
    Пол:
    Женски
    Прв пат го првам рецептов, ама многу е вкусно :)
    20190316_120309.jpg

    6 јајца се матат, се додава 200 гр. рендан кашкавал, 200 гр. сечкани, претходно пропржени шампињони (јас ставив свежи), 200 гр. спанаќ малку обарен и исцеден (јас ставив едно снопче блитва), 1мала лажичка сол, 1/3 чаша млеко (околу 70мл). Во оригиналниот рецепт нема шунка, ама јас додадов околу 150 гр.
    Сето ова се меша и се става во калапи за мафини. Се пече 25 минути на 180 степени. Откако ќе се испече, се остава да отстои 30-тина минути пред да се извади од калапите.

    Добар апетит :)
     
    На K-a-t-e, Roksifoksi, Chanell* и 44 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Пита со спанаќ
    20190316_164143.jpg
    20190316_175703.jpg
    За мачкање кори:
    -6 лажици бташно
    -1 сув квасец
    -5 лажици зејтин
    -кисела вода за да се раствори горното и да стане течно колку смеса за палачинки

    Фил:
    -пола кило спанаќ
    -300 гр урда
    -вегета по вкус
    Филов се пржи додека не испари водата која ја испушта спанаќот

    Готовите кори се распостилаат на влажна крпа и при работа се превраќаат горните да бидат врз крпата и обратно бидејќи брзо се сушат и стануваат крцкави.
    Прва кора се мачка со смесата,втора врз неа и таа со смесата,трета врз нив но на неа се става фил.
    Така по три се мота како ролат.
    Од смесата што мачкате,ако ви остане намачкајте ги сите ролати озгоре.
    Јас наросив сусам.

    Се пече 20 минути на 200 степени.
    По печење,вчажна крпа врз печеното за да одврати.
     
    На Chanell*, Ivan4e04, Someonespecial и 41 други им се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.251
    Допаѓања:
    284.239
    @An-na обавезно ќе го пробам рецептот. Делува превкусно.
     
    На Mari*, boomsleng, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    Од архива.
    Паста сфоља со спанаќ и урда.
    IMG_20170330_193558.jpg
    Спанаќ 200-300гр. се обарува во вода, се цеди и се става на оган со путер колку да му се додаде рендан пармезан.
    Ваквиот спанаќ се меша со едно пакетче (250гр) урда, 2 јајца и сол по вкус.
    Смесата се истура врз пастата и се пече 15-20 мин. на 180°
     
    На galapce, Someonespecial, Val-Dim и 31 други им се допаѓа ова.
  15. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    269.543
    Пол:
    Женски
    Еве од мене еден куглов со спанаќ или пита со спанаќ печена во куглов.
    Правен е во селски услови во стар куглов и шпорет на дрва па и затоа малку се препече и подзалепи.
    20190317_162217.jpg
    20190317_162756.jpg
    Денес е правен со дел од тесто за пастрмајлија а инаку оригиналнипт рецепт е следниов:
    600 гр брашно 1 квасец,1 јајце ,сол 1 лажиче ,3- 4 лажици масло и се замесува со вода по потреба.Се кисне па се размесува и сука кора како правоаголник,се мачка со маргарин и и се става фил од спанаќ и сирење (спанаќот само исецкан ,истриен со сол и исцеден).Се витка како ролат и се става во намастен куглов.Се засекува на неколку места до пола ножот да појде и се полева со маткано јајце со малку јогурт.Се кисне уште малку и се пече.
    Треба убаво не на многу висока тт да се пече за да е и внатре убаво печен а и околу да не загори како кај мене. Декоративен а после ако се исечи и се сервира со дополнителни премачкувања со павлака и плус средината да се наполни со шери доматчиња,пример како за гости.Што сега кај мене не беше случај туку остатокот од спанаќот за ручек и тестото од пастрмајлиите ги претворив во ова.;)
     
    На Doozy, Ivan4e04, Someonespecial и 34 други им се допаѓа ова.
  16. Vanj4e

    Vanj4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 септември 2018
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    20.403
    Пол:
    Женски
    20190317_162711.jpg 20190317_164037.jpg Посна Пита/Проја со спанаќ

    3 шољи пченично брашно
    2 шољи пченкарно брашно
    2,5 шољи газирана вода
    1 шоља зејтин
    1 пециво
    300 г спанаќ
    200 г печурки
    100 г сончоглед
    малку сол
    Смесата се меша се става во подмачкана тава и се пече 40 минути на темература од 180 степени
     
    Последна измена: 17 март 2019
    На Ivan4e04, Someonespecial, Val-Dim и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.023
    Пол:
    Женски
    20190317_170124.jpg
    Манџа зелје со просо

    За да бидеме на чисто, ова е всушност манџа "спанаќ со ориз".
    Запржив кромид, пашканат, лукче. Додадов зелје. Провре. Додадов малку вода, 100 мл. Додадов варено просо. Малку сол и вегета.
    Наменето за деца и возрасни со низок хемоглобин. :)
     
    На Doozy, Ivan4e04, Someonespecial и 25 други им се допаѓа ова.
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Пита со спанаќ и урда. 20180228_133324.jpg 20180228_140924.jpg Рецепт: брашно, вода, малку квасец, сол, масло за готвење и шеќер се меси во меко тесто и се остава да одмори околу 10 минути.
    Фил: спанаќ и урда/сирење.
    Немам пишано по грамажа,бидејќи се ставам по око.

    Се извинувам, требаше да ја напишам подетално постапката, ако може модераторите нека го спојат мислењево со претходното. :)
    Тестото се дели на парен број топчиња, јас имав 12.
    Првото топче го расукуваш во круг колку еден мал тањир и го попрскуваш со масло, потоа истото го повторуваш и со второто топче и ги редиш едно врз друго, истата постапка ја повторуваш се до шестото топче.
    Потоа, од нив расукуваш кора во големина на тепсијата што ќе ја употребиш и ја ставаш на долниот дел. Врз неа го ставаш филот, па ја повторуваш истата постапка за да ја добиеш втората кора што ќе ја употребиш за горниот дел од питата.
    На крајот се попрскува со масло и малку водичка, се пече на 180 степени.
    Поздрав!
     
    Последна измена од модератор: 18 март 2019
    На Ivan4e04, galapce, Someonespecial и 30 други им се допаѓа ова.
  19. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.746
    Допаѓања:
    93.198
    Пол:
    Женски
    @ilyan те молам ако можеш делот со тестото да го објасниш.Ако не се лажам се дели на два дела и се расукува во две кори помеѓу кои доаѓа филот така?Фала однапред :)
     
    На g8lQQk, Dust, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Ова ќе си го меморирам , собрав убави идеи како спанаќот да го употребам:)
    Не го сакам, го јадам од што морам, ама сакам да го доближам до семејното мени.
     
    На Animali, ane.bella и Dust им се допаѓа ова.