Кај сте бе женски? Ајде и оваа недела нека е посни кифли.. Мадам @Val-Dim ја чекам со некои новоизмислени посни кроасани
А оти не се даде и друга идеја може ќе има рецепти повеќе , месењето на мн им е слаба страна , па и посни плус
Ај да ве охрабрам Сликава е сечена, лепена, дека мислам ја имам постирано неодамна во ФИ... Првпат ги правев и како за првпат јака четворка си дадов Никако сите исти да ми излезат по форма Штом мене ми успеаја, тогаш немате гајле Spoiler: РЕЦЕПТ Состојки: 500 мл топла вода 40 г свеж квасец 20 гр шеќер 20 гр сол 2 супени лажици зејтин 250 гр маргарин +- 1 кг брашно Подготовка: Квасецот и шеќерот ставете ги во водата. Измешајте. Во водата ставете половина од брашното, 100 гр од маргаринот (стопен) и солта. Измешајте. Постепено се додава остатокот од брашното, се дури не се замеси тестото, по на меко. Замесенето тесто, одозгора премачкано со зејтинот, оставете го да одмори (10 мин). Тестото поделете го на 3 еднакви дела. Секој дел се расукува во форма на круг, не многу голем. Од преостанатиот маргарин оставете една лажица, остатокот користете го за премачкување на два од трите круга. Се суче еден круг, се премачкува. Врз него се става вториот круг, и тој се премачкува. Врз него третиот круг, па малку стиснете со рака. Расукајте. Сечете на 4, па на 8 делови, па секој од нив на 2-3 дела, во зависност од тоа колкави сакате да ви бидат кроасаните. Завиткајте, и секој кроасан премачкајте го со стопен маргарин. Тогаш вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени, таман дури згрее, кроасаните да отстојат. Кога се испечени, повторно премачкајте ги со стопен маргарин. П.С.Немам ништо против и друга тема, ама немам идеја
Ова технички можеби не се кифли, ама многу се вкусни, лесни и брзо се прават. А најважно е што се посни. Јас филот го направив со спанаќ и посна урда. Рецептот е од тука: https://moirecepti.mk/post/совршено-лиснато-тесто-без-маргарин
Ради реда... Немам обичај да правам посни кифли, нит па мајка ми правела...тестото генерално посно ни е али увек се премачкани со јајце и наросени со сусам. Овој пат инакво тесто пошто, мислата ми беше за некои соленки такво нешто домашно...заради домашните љубимци..грото беа полнети со мрснотии. Комбинација пченкарно и обично брашно 1:2...кисела вода, млака вода, сол, пециво, лук во прав, копар, кристал маргарин. Од сето е замесено тесто. Оставено да постои, поделено на три дела, исучени кругови, врз секој круг кристал парчиња..кругови еден врз друг...споени исучени во круг, исечени правоаголници, умотани и кифли, поросени со ким и парченца кристал па у рерна. Тестото е измислено ... комбинација на други рецепти..нема вкус и изглед на класична кифла ал е интересно. И толку.
@Dust јас само душата си ја јадам повеќе одошто другите ми ја јадат али, не и телово, нит па своите ги јадам освен душата што им ја јадам, стандард Бургер, што викате? Домашен бургер. Значи, дали ќе биде со ќофте, плескавица од говедско, мисиркино, пилешко, рибешко (туна)... дали со пилешки стек, дали со колбавче некое, дали со ќофте од леќа, од грав, од компир..соја, мрсно, посно.. вие бирате Нека биде сочно, вкусно и богато сос пофритче Чек да тагнам за да спремат домаќинките за љубовчињата по дома. @referentka @Val-Dim @Viktorijaaa5 @dunika @SV1911 @Emy867 @Ginger^ @Someonespecial @Mishela @theowndemon и останати.
Домашен бургер Плескавицата и лепчето се домашни. Мојов нема сосови и помфрит, има само сенф, марула и домат, бидејќи требаше да ја „презентирам“ ќофте-плескавицата, ама еве ќе се најде и за овде. Spoiler: Рецепт за плескавица На 1 кг мешано мелено месо (јас најчесто мешам 600 гр. свинско и 400 гр. јунешко) ставам: - 1 јајце - 1 кромид средна големина - 2 лажички сув зачин - бибер, ѓумбир во прав по желба - неколку лажици презла, зависно од влажноста на месото: Кромидот ситно го сецкам и го пржам/динстам со малку зејтин и вода, колку да омекне. Го оставам малку да се олади и сите состојки ги додавам во местото. Убаво го замесувам, по потреба додавам презла, за да може да се обликуваат плескавиците. Го оставам да постои 1-2 часа во фрижидер. Ги обликувам плескавиците и ги печам: некогаш на скара-тавче, а во последно време во рерна. Ги редам на хартија во тавче и ги печам на програмот 2 грејачи + скара, на 220 степени.. Кој нема таков програм, на најобичен за печење. Финтата на печење плескавици во рерна е да се направат што потенки и одозгора со четче или со распрскувач да им се стави малку зејтинче. Бидејќи моето големо тавче е на шина во рерната, ми доаѓа малку подолу, па одоздола ми се печат побргу, по некое време ги превртувам. Вие можеби нема да имате потреба да ги превртувате. Spoiler: Рецепт за лепињи Лепињите ги правам на следниот начин: - 800 гр. р’жано брашно - 200 гр бело - сув квасец како за 1.5кг брашно (или свеж, како сакате) - 2 лажичиња шеќер - 2 лажичиња хималаска сол - 2-3 лажици зејтин - околу 600-650 мл вода да се добие меко но нелепливо тесто. Тестото го месам, го удирам 50 пати од маса, го мачкам малку со зејтин и го оставам покриено со крпа малку да стаса (околу 1/2 час). Потоа вадам тесто околу 2 шаки и полека го правам како топче. Топчињата ги редам на хартија и ги оставам уште малку да се одморат (15 мин). Потоа со лопатка малку ги сплескувам, за да не бидат премногу дебели, ги мачкам со мешавина вода-зејтин и ги печам во загреана рерна на 180-200 степени со вентилатор. Кога ги вадам од рерна, повторно ги мачкам со мешавината вода-зејтин. Ако сакате да бидат помеки, може пак да се покријат со крпа. Зависно од „фаќањето“ излегуваат отприлика 10-12 лепињи. Немам слика од „капакот“ на лепињата, можам накнадно да ставам и таква слика!
@zhap4e се важи ли со купечко лепче, а домашен мастраф внатре? Домаќинкава одвај пролазна има по месење, немој да не се обрукам пред другачките со моите фризби лепињи. Ама какви плескавици правам, па па па. Ќе се обидам да учествувам, многу е убава темата.
Мене и мојто љубовче не си не тагнала Ќе му спремав сабајле ,ама не ме сакаш тука Се шалам Убава тема Таман сабајле мојО сакал леб да му замесам . Ќе ги направам малечки пупички