Морам да учествувам овој пат и јас, бургерот ми е омилено јадење Рецепт: Сос- мајонез, кечап, сенф и вочестер сос (мислам вака се вика) од око ставам се и додавам по вкус Плескавица- машано свинско со телешко месо, мерам 100г и ги формирам, пред да ги пржам зачинувам со сол и бибер. Кога едната страна е готова ја вртам плескавицата и на готовата страна мачкам сенф. Истото го повторувам и со другата страна. Потоа ставам гауда кашкавал одозгора и покривам со капак околу 20 секунди. Лајбица- ја сечам и внатрешните страни ги ставам во тавчето за да се направат крцкави. Кромидот го карамелизирам на тивок оган. Кога ќе омекни ставам едно лажиче кафеав шеќер и балсамико и оставам некоја минутка да испари киселината. И на крај го склопувам. На долното лепче ставам сос, марула, патлиџан, потоа плескавицата, кисели краставици, кромидот и на крај лепчето повторно со сос намачкано.
Буби, рачунај се за тагната давај ваму пупичките со ќофтлаци. И @danichap и уште куп има... Пуповци со скарата @PUPICA итн. Итн.
Пуповци можеш да ги прогласиш за победници на стара слава Газда пости, а јас не сум вична скараџика...
Бидна и ручекот. Намазот е од авокадо. Убави го изгмечив, додадов ситно сецкан кромид, неколку капки лимон, кисело млеко и зачини. Кромидот го испржив. Кисели краставички. Марула. Кашкавал. Пржена (телешка)сланина. Меленото месо(телешко) му додадов сецкан кромид и лук, сецкана чушка, рендан кашкавал, ситно издробен леб, јајце, магдонос и многу зачини. Сликите не се нај нај. Маж беше гладен, немав време за сликање
Секоја чест за бургеров Изгледа подобро од било кој ресторантски, а сигурна сум и дека е превкусен Лиги ми потекоа од сите ваши слики, мора вечер маже да го терам да ме носи на бургер Домашен само на скара во двор правам инаку, ама уште не сме отвориле сезона И секогаш заборавам да сликам кога ќе зготвам нешто, тек откако ќе се изеде ќе ми текне дека можев тука слики да ставам Ај, ќе учествувам и јас во некоја тема во иднина
@ladyySi ич не сум љубител на плескавици и чудби. Ама овој перверзен е . Со гауда и растечен сос. Мора да е вкусно! Потсеќа на еден бургер кој мм го зема од еден локал кај нас. Првиот бургер во живот кој ми бил вкусен.
За бургеров добив инспирација од тој од Дистрикт, првиот што сум го пробала и ми бил вкусен ама некако цената не ми се свиѓа за повеќе од еднаш да го јадам Пробај кога ќе имаш време, нема да зажалиш
Рецепт: Киноата ја варам во вода со масло и сол зачинета, па ја цедам и и’ додавам сок од лимон, рендана кора од лимон и маслоново масло. Ракчињата ги варам 10тина минути па ги пржам на маслиново масло (помаст, да не е ладно цедено затоа што брзо гори) и пред крајот им додавам црвен пипер, сол, босилек и маку оригано. Авокатото го пасирам и му додавам сол, бибер, маслиново масло и сок од лимон. Bon appetit @MissDior Медитеранската кујна се базира на многу свежо обошје и зеленчук, риба и морски плодови, паста, маслоново масло, зачини како босилек, оригано, мајчина душица, магдонос, лук.
Капрезе сендвич во чиа-лебче. Намачкано е со песто,па домат,моцарела и спанаќ. Зачинето со маслиново,босилек и оригано,сол и црн бибер.
Тестенини со доматен сос, тиквици и рукола Се варат тестенини се додава доматен сос запржен со лукче и италијанска мешавина. Се пржи 5-10 минути тиквица сецкана на тенки крукчиња со лукче и се зачинува со магдонос и бибер. Се мешаат тестенините, со тиквицата и салата од рукола зачинета со маслиново и малку балсамико крема.
У план беа и маслинки, ама пошто немав... Кори за пита, секоја премачкана со масло и преклопена на половина. Некаде пет шест мислам имав останати од вчера и доволни беа ко за подлога. Сите такви една врз друга споени со малку масло. Краевите од сите страни малку преклопени за да у средина се стави филот. Домати, пиперки, лук, сирење исецкани и распоредени. Оригано и малку копар поросено. Цели две јајца и печени на 200. Коа се запекоа корите го исклучив долниот греач и оставив на горниот уште малку ради јајцето да се запече. И т'ј. Превкусно. Уште маслинки да имаше))