Ај јас да ја сефтосам и активирам темава Крокети од компир Вариме 1кг компир Кога ќе се свари го пасираме со маргарин голема лажица, и зачини вегета бибер итн... Кога ќе се олади рендам кашкавал и шунка на ситното у смесата и додавам презла се дур смесата не стане нелеплива да може да се прават топчиња Правам топчиња валкам во јајце и презла и пржам Сербирам со тартар сос Ситно сецкани кисели краставички павлака канче и две лажиици мајонез сол и бибер се меша,му се тура и лажичка лимон и у фрижидер на ладење Едит: Пред да ги пржите топчињата нека поседат во замрзнувач саат време Да не се распаѓаат при пржење, оти можно е некад
Многу убав рецептот! И да прашам, дали си пробала да ги печеш? Јас еднаш правев класични руски пирошки, исто со пире-компир во тестото, и наместо да ги пржам, ги испеков. Излегоа прилично добри. Финтата е и кај пирошките и кај плескавиците што ги правам, да се намачка или испрска малку масло одозгора додека се печат, за да не бидат премногу суви. Потоа искуството и го пренесов на другарка ми, од која ми беше рецептот, па проба и таа и беше многу задоволна што на жештиниве не седела над тенџере
Ако мене ме прашуваш Не, не сум ги печела. Пржам во унапред загреано масло Немав сусам, инаку и тоа би турила во презлата Баш ќе го пробам и овој рецепт
Ова сама со себе си победила работата Епа не ви ги знам темите дали имало ...ама нека биде десерт со шлаг пена значи било каков или сос за паста...искрено не знам што сте имале или немале до сега
Само оваа слика ми е. Од пред 3 дена. Бурек со месо. Филот го направив од мелено месо, печурки и многу кромид, лук, зачини. Една паковка турски кори. За премачкување на корите треба 200 мл газирана вода, 100 мл масло, околу 50 мл јогурт и пециво.
Гибаница Потребно 1 шолја јогурт,1 шолја к.вода,2 мали лаж.пециво,сол,зејтин,500гр сирење или урда ,4 јајца Се прави смеса од ова Прво се редат одоздола две кори (пола да излегуваат надвор за да се покрие со нив) , потоа една по една кора се гужва во раце и се топи убаво во течноста, па се редат една до друга збиено, на крај се покрива со корите кои беа надвор и се премачкуваат со смеса од малку зејтин и к. вода
Интегрални ролнички со месо Рецептот ми е потполно импровизиран и од око: се пропржува мелено месо во маслиново со кромидче, многу буковец, зачини и лукче. Три готови интегрални кори, измеѓу мачкам со маслиново и кисела вода, најгорната убаво ја полнам со месо, и правам наједноставна ролничка. Краевите ги "лепам" со кисела вода. Се печат дваесетина минути на 180°. Последните 10 мин ги вадам, премачкувам со јајце и ставам сусам.