Чиа пудинг Најважниот оброк во денот најчесто ми е смути од сезонско овошје или овошна салата. Откако го открив чиа семето, си правам од вечер пудинг : 250 мл бадемово млеко 2 лажици чиа 1 лажица мед Промешувам и чувам во тегличка преку ноќ. Утрото додавам овошје и семки што имам ( овде банана,праска, малина, семки од тиква, брусница, овесни снегулки ) и денот може да започне
Овесна каша, мојот go to појадок. Се варат овесните. Јас ставам три или четири лажици, ги варам со пола чаша вода и пола чаша млеко додека не впијат и не станат како каша. Озгора ставам лажичка какао и мед секогаш, а овде дополнително ставив чоколадо и банана. Уживајте!
Не знам дали смее ваква слика, со оглед на тоа дека само јајцата се готвени. Значи во многу зејтин се пржат едно по друго јајца, се превртуваат еднаш. Другото е зденка, крставица и павлака. Ако е спротивно на правила кажете, ќе ставам палачинки.
По калоричен мојов појадок Рецепт: Се замесува мн.меко тесто од брашно, млака вода, сол, шеќер, мн.малку квасец и зејтин. Се прават топчиња и секое топче се расукува во форма на мал круг, се пррмачкува со зејтин и да стои 15минути. Потоа секое посебно се растегнува на маса, ставив мелено месо, претходно запржено со кромид и попрскав со зејтин(може било што по желба да ставите) и со помош на чаршавот ја собираме кората.
Мекици Потребно 1лажичка сол 1 шеќер 1 квасец (сув) 2 чаши млака вода околу 800 гр брашно Квасецот и шеќерот се ставаат во млаката вода,стои 5 минути потоа се става во брашното во кое е додадена солта. Се замесува тесто и се остава 30 мин да отстои. Кога ќе стаса, со намрсени раце се оформуваат мекиците и се пржат.
Вкусни и креативни идеи со јајца https://www.facebook.com/1614251518827491/posts/2818535211732443/ Јас би додала и спржнато мелено месо со доматен сос. Може сето тоа во рерна, малку кашкавалче одозгора и како лазањи би дошло
Мекици Се замесува тесто од 500 гр. брашно,350 мл. млака вода ,50 гр. зејтин ,сол ,шеќер и 25 гр. квасец. Се остава пола саат да стои тестото и се суче кора на работна маса со брашно во форма на правоаголник и се сечат помали правоаголници и се пржат во врело масло
И јас обично наутро сум со овесни снегулки и комбинации разни со нив, ама да не се повторуваме еве еден класичен појадок - е нема рецепт, се гледа што има во чинијата
Spoiler Готови кори..3-4 по баничка. Секоја кора премачкана со масло, дел со пица фил (кечап, салама, кашкавал), дел со тенки кришки домат и лук...смотани, печени на најјако.
Еве го и мојот појадок - авокадо тост. Кратко тостирам кришки леб, додавам авокадо намаз набрзина изгмечен со вилушка, измешан со малку сол и бибер. Одозгора денес ставив само сирење, наросено со бибер и оригано. Требаше да има и ситно сецкан домат за да ми биде поколоритно, ама ги изедов доматите дури дочекав да ми созрее авокадото па така го јадев. Многу беше убаво и вака без боја.