Гледам темава уште стои, па да искористам Крофнички печени во апарат Рецепт: 2 јајца 1 прашок за пециво 1 ванилин шеќер 1 рум шеќер 2 лажици шеќер 200 мл јогурт 100 мл масло 16 лажици брашно Шеќер во прав Се матат јајцата со шеќерот, ванилиниот шеќер и рум шеќерот и постепено се додаваат прашокот за пециво, маслото и јогуртот. На крај се додава брашното, постепено, со споро матење. Се печат во апаратот 10тина минути. Се наросуваат со шеќер во прав.
Сами управувајте си ја Ставете слики и кој ќе има нај лајкови е победник па тој друга тема и така Додека да почне пак да биде активна Еве како што кажа членката погоре со тоа што во последно време се активни рибите на @Bubce38 може да биде и таква тема
Женски, јас се извинувам што не можев да ставам анкета за претходната тема, а колешката моја не знам каде е... Животот и животните настани ме потиснаа, времето ми го одземаа, емоционално ме срушија..а деловните обврски направија да немам 10мин време да седнам на лаптоп за да ги ставам сликите за анкета..а од телефон дефинитивно не можам, иако неколку пати кога имаше по 3-4 слики ставав анкета и од телефон.. Некогаш шит хепенс, животот иде 200 на саат и не можеме да сме фокусирани тука.. барем јас не можам, затоа што и сама по себе сум хаос Ама ветувам дека ќе продолжам со анкетите.. до недела можете да ставате слики и во понеделник ќе ставам анкета, како и вообичаено Новата тема се знае.. Новогодишна трпеза... Ви посакувам на сите среќна нова 2020, да ви донесе здравје и среќа а се останато нека дојде само по себе..
Да бе, откога се изедовме ајде новогодишна трпеза Се шалам ептен ми беше убава трпезата ама таман да сликам се разбуди ќерка, кога ја презаспав гостите веќе си се послужиле Затоа да си кажам, француска и руска, кифлички и лиснати, сарма , месо пилешко и свинско и ептен убави декорации со свеќничиња и салфетки новогодишни
Ич не сте интересни се зезам на фб видов милион слики, нема жена што не сликала Тогаш спремете апаратите за следната тема, бадникова и божиќна трпеза
Дека скоро се е поминато ако може од почеток:домашна пица или ако некоја членка има предлог може нешто друго.
Ајде дечки, покажете ги пиците! Еве ја мојата Тесто: 500 гр брашно, 250 мл вода 70мл масло, 1к.л. шеќер, 1к.л. сол, 1 квасец. Сама се месеше. Ја наредив (врат, килен, печурки, маслинки, кашкавал, оригано, сусам), се испече, и нормално од средина се сече.
Пица со 4ри вида сирење Spoiler: Рецепт Ова е рецептот за тестото.. Одозгора: кечап, оригано, мешано, чедар, буѓосано сирење и пармезан.