Јас сум на диета...тоа значи бидете среќни шо не учествувам. Ха ха ха сама си се насмеав на вицот. Жени и по некој маж...браво.Многу креативност, труд а богами и лиги......туф туф
Од истиве палачинки имам друга различна слика ставено на фемина инстаграм (да си кажам навреме, да не биде после збунки, оти може така) Американски палачинки Spoiler: рецепт 2 јајца пола лажица сол 2 лажици шеќер 4 лажици зејтин 1 пециво 1 ванила 1/4 сода бикарбона 250мл млеко 200гр брашно Се ставаат сите состојки, се матат со миксер и ако сакаш повеќе да ти испадна палачинки додаваш млеко колку сакаш и потоа брашно колку да биде густа смесата. Како што ја премачкуваш тавата со зејтинче, така ќе ја премачкуваш и за секоја наредна палачинка (јас користев малечко тавче баш за вакви палачинки)
Ти благодарам Орхидеја, ама јас не би да се споредувам со Серафима.Далеку сум од неа. А и Бриџит со поглед убива, подобро да си молчиме
Немoјте уште дa јa зaтвaрaте темaтa, еве пo рестoрaни шетaм и пoрaчувaм пaлaчинки, дo вечер ќе oдберaм нештo oд сликиве.
Нека ти ги спакуват за дома, стави ги во најобична чинија и нек мислат дека е од тебе. По ресторани ако сликаш ке те уловат. Ќути никој да не слушне
Еве ги моите, јас разочарана, не се ко што ги замислував. Чоколадна торта од палачинки Spoiler: Рецепт 3 чаши млеко, 3 јајца, 1/2 кафена лажичка сол, 1 супена лажица шеќер, 1/2 лажичка сода бикарбона, 3 лажици растопен путер, 2 чаши брашно. Смесата ја поделив на два дела - во едниот ставив какао и уште малку шеќер, во другиот екстракт од ванила. Ставав какао палачинка - крем - ванила палачинка - крем итн. Секоја палачинка ја премачкував со малечко парченце путер (на собна темп.) за да се помеки.
Супер ти е замислата ама мислам за да биде баш crepe cake треба да е со повеќе палачанки. Ама сепак лајк за идеата и трудот.И јас сакав истото да го правам ама кога се сетив дека ќе треба пола ден да го поминам над шпорет, ме премрзе. А, и нема поента веќе се мачам @anel сите не уби.
Aјде, ајде, не барајте изговори, направете нешто Се шалам. Има доста добри и рецепти и слики, не сум само јас. Нека има повеќе конкуренција, пожестока да биде кампањата
Оооу не, не ми падна на памет да правам такво нешто. Пак мислев оваа количина, но со бел крем. А ме мрзеше да го правам, па мачкав со еурокрем и белите палачинки се затемнаа и не се познаваат.
сВите жабо, зар некој така ќе остане? @LivingGlam од љубомора ништо не коментира, демек друго нешто си прави муабет
Јес да јес, али Анел не ја надмашивте Тема како таква треба да го покаже најкреативното и се што може да се направи со една обична палачинка.