Јас мислев само да го обарам, некои +/-15-20мин, така ми е најубаво за салата со цвекло. Или ако имаш од тегле некое понеутрално би идело, свежо мислам мн ќе рпка
Компир салата Се варат компири, јајца(ставив три). Се ренда ред компири па мајонез, па сирење па јајца, се така дури има мастраф.
Туна,марула, кисели краставички, пченка, сусам и балсамико. По рецепт на @NarCis@ , само што јас додадов и марула.
Цезар салата!!! Марула сецкана,стек на парчиња ,ленти кашкавал ,јајце ,кубети,прелив и крем балсамико
Ќе ставам анкета до после, не можам никако дома да се приберам а од телефон не можам сликите да ги префрлам во другата тема Јас стварно се извинувам за хаотичниот живот.. А крејзи..не знам за неа .
Даст, не мора до толку да се комплицира со слики и со гласање штом немате време. Едноставно види кој има најмногу лајкови, па нека бира тема и да продолжиме. Убавото во темава е новите задачи и готвењето. Некако ми е безвезе што се претвори во натпревар со такви правила.
Ајде да видиме како ќе оди со лајкување. Сликиве стојат одамна веќе, а најголем број лајкови убедливо има @dunika , па може да ја прогласиме за победник и да постави нова тема. Четири дена исто може да се поставува слики, а потоа два-три дена да се лајкуваат сликите и таа со најмногу лајкови ќе биде победник.
Дуника да се јави на рецепција и да не бара да готвиме копито од швајцарски еднорог. Не ради друго, не им е сезона
@LiliBoz еднорог не,ама помислив фалминго да ви понудам Никако швајцарски,тука само крави и компир виреат. Сега да бидам озбилна,слаба сум со идеи,ама ми падна на памет десерт. Некој кој не бара многу време,и да е едноставен. Верувам на сите ке им се добредојдени вакви идеи и се надевам ке има повеќе рецепти
Трилече ^мислам ок е десертов, брз, лесен, едноставен попросто од ова пудинг да сварам Spoiler: Рецепт https://moirecepti.mk/post/трилече-колач ^^ вака да се гласа, бира нова тема, мислам подобро е
Spoiler ТИРАМИСУ Потребно: - 2 пакетчиња ladyfingers бисквити - сварено еспресо со повеќе вода ( може и нескафе ) - 2 пудинга ванила - 1 шлаг (јас користев во кутија готов whipped cream ) - 1 крем сирење - какао и малку цимет за одозгора * Бисквитите се брцнуваат во кафето и се редат во тепсијата. Се прави фил од двата сварени пудинга, шлагот и крем сирењето ( се мешаат со миксер ). Врз бисквитите ставаме пола од филот. Редиме пак бисквити и врз нив и остатокот од филот. Поросуваме со какао и малку цимет. Се остава да се излади и спремно е за јадење.
Бомбици со мелена гранола 100гр. мелена гранола 100гр. јаткасти плодови по желба (мелени или толчени) 1 чоколада растопена со малку путер Сок од половина портокал
Чоколадни бомбици: - Било какви мелени бисквити. Јас користев Wellness колачи со вкус на лешник кои беа 200 гр. - топено чоколадо 100 гр. И додавам малку млеко - мелени ореви 100 гр. - шеќер во прав по потреба.