@SofiMar_ да избере нова тема, а после оваа недела ќе видиме како ќе оди гласањето. Не е фер према тие што ставиле рецепт во недела и тие што ставиле во четврток, едните ќе имаат помалку а другите повеќе лајкови, не сите ја отвараат темава секој ден за да можеме баш да процениме победник со лајковите
Извинете што дури сега гледам, обично се логирам неколку пати дневно, баш денес прв пат вечерва. Не успеав да погледнам кои теми беа застапени наназад, но бидејќи сум љубител на тестенини, нека биде тоа ако сакате, различни видови и начини на подготовка на тестенини
Ај сефте од мене Шпагети болоњезе Се запржува 1 мал кромид (ситно исечкан) на малку масло, 2-3 чешниња лук, 300-400гр мелено месо, сечкани домати (или од конзерва може), зачини (сол, бибер, сув босилек или оригано), на оган дури да се добие саканата густина на сосот. Ова го правам во подлабока тава бидејќи во овој сос ги додавам претходно сварените тестенини. Сервирам со многу пармезан Класика!
Макарони со туна(овие се интегрални). Се варат макароните, се процедуваат,јас ги зспржувам и малку со путер или зејтин. Потоа ставив пченка,к.краставички, туна,маслинки и мајонез.
Макарони со пилешко и брокула Варени макарони, претходно сварено пилешко, брокула, кашкавал/пармезан, павлака, зачини.
Таљатели со лосос Се пропржува ситно сецкан кромид, се додаваат печурките и лососот, на крај хоплата и зачини по избор (јас ставив стандард - сол, црн бибер, плус лук во прав). Се меша сѐ со претходно сварените тестенини, на крај наросив ситно сецкано младо кромидче, само зелениот дел.
Сооооуу..тестенини За тестенините.. На 1 јајце 100 грама брашно.. Додека се меси се додава брашно по потреба за да не биде лепливо тестото..зависи колкави ви се јајцата ...откако ќе се измесе тестото се поминува на машинка или се сука на раце па се сечат.. Тоа одозгора е остаток од нешто меѓу гулаш и селско месо Печурки, кромид, месо, доматен сос малку.. и динстање 2 саати.. На крај одозгора се посипува пармезан и се јаде како да не сте јаделе 3 дена Ама може со што ви е желба Ги обожавам и само со пармезан
Инаку како и досега што беше, до утре (недела) може да ставате слики, па како и порано, понеделник, вторник и среда ќе ги оставиме за лајкови и кој ќе има најмногу лајкови ќе бира тема.
Благодарам Ајде бидејќи сме сега дома и имаме повеќе време за готвење, а помалку за движење и физички активности, може да биде нешто како здрави и/или нискокалорични оброци
Не бројам калории ама ќе видам деновиве нешто што јадеме а е подиетално да сликнам. До недела е пријавување?