Супа од моркови За две порции се сецкакаат и варат два големи моркови околу 30 мин. Се блендираат и се додаваат во запржено лукче и се зачинува со сол и бибер. На крај се додава рендан ѓумбир и лимон( овие две состојки го прават шмекот на супата)
Со последниот воз, откако трипати неуспешно постирам од телефон Нивното величество јајца - за мене најдобра варијанта за нискокалоричен оброк во кој било дел од денот. Појадок, ручек, вечера... да не заборавиме дека се добри за имунитетот и поткревање на железото На сликата уметнички претставен омлет со млад кромид... младиот кромид се пропржува со една лажичка маслиново (не девствено, од тоа што може да се готви со него), и се додаваат јајца. Отприлика, калориски: едно јајце 70-80 калории, мала лажичка маслиново 40-50 (голема 70-80), парче леб околу 70-100 (немам проверено за овој ама тука некаде се сите вакви лебови)... младиот кромид е скоро незначителен со по 10-20 калории на парче. Овде, спремав јадење за две, значи ставив една голема лажица маслиново, две големи млади кромитчиња и три јајца. По порција, заедно со едно парче леб и една чаша јогурт, околу 360, максимум 400 калории. Дневната препорачана доза е 2000 калории, а доколку сакате калориски дефицит, движете се околу 1500. Комбиниравме со чаша јогурт, а ако дневните активности ви дозволуваат (најверојатно не ) или другите оброци ви се без јагленихидрати, појачајте со уште едно парче леб.
И јас играм Мароканска(?)киноа салата со крцкав, печен наут. Фала @Dust Се извинувам. Spoiler: Рецепт Состојки: 1 шолја киноа 1 шолја спанаќ 2 моркови половина главица кромид нане фета сирење печен наут Дресинг: 2 лажици таан 3 лажици маслоново масло 1 лажица сок од лимон 1 лажичка мед сол лук во прав
Следна тема нека биде нешто помрсно, нека биде печење. Било какво, со разновиден зеленчук. Без ограничување на видот на месото и зеленчукот. После ваков оброк, мислам ни требаше
Печено и мрсно, ама без зеленчук. Пастрмајлија, тазе печена, топла. https://moirecepti.mk/post/pastrmajlija
Печено свинско во сос од кока кола и соја. Најпрво направив маринада,од маалиново копар, мајчина душица, лимон,сол и сенф. Го измачкав и го оставив да отстои, едно 4 часа во фрижидер. Го ставив во рерна, а откако ја извадив фолијата, намачкав со измешана смеса од соја,кока кола и мед. Количината на сите е од око,да биде густо за да не тече по месото. Испеков компир и од водата од маринадата направив сос, на кој му додадов изблендиран кромид и јогурт. Го запржив, му ставив малку пченкарно брашно и го полив врз месото. Се мисли на соја сос* Не сум потенцирала
Овој пат би одбрала нешто што мислам дека секоја ќе го направи и јаде Темата нека биде : Солен колач или солена торта
Бидејќи никој не се пријави за темава, следната тема ќе биде - Вашата велигденска трпеза. Темата солен колач или солена торта ќе иде другата недела пак, за да ја удостоиме Џинџер со слики
Ако важи темава, еве да скршам мраз Велигден не може да помине без плетенка козињак, ама годинава малку поинаку Нешто за што е потребно многу време а искрено и нерви Но вреди за воодушевените очиња, на детските лиценца ЛЕОПАРД МЛЕЧЕН ЛЕБ СТАРТЕР 25 гр. скроб 250 мл. млеко 50 гр. путер Се загрева на оган 200 мл. млеко, со останатото се меша скробот и се додава и се вари додека згусне. Се трга од оган и се додава путерот. Се остава да се излади пола час. ТЕСТО 375 гр. меко брашно 70 гр. шеќер 1 ванилин шеќер 1/2 лажичка сол 1 лажичка сув квасец Сок од еден портокал СВЕТЛО КАФЕАВО ТЕСТО 1 кафена лажица какао 2-3 лажици млеко ЗА ТЕМНО КАФЕАВО ТЕСТО 1 супена лажица какао 2 лажици млеко Во длабок сад се ставаат состојките за тесто и се додава изладениот стартер. Се меси додека се добие компактно, нелепливо тесто, околу 10 минути. Тестото се дели на половина и едниот дел уште на половина. Во двете помали теста се додаваат какао сместите. При месење по потреба се додава брашно. Тестата се оставаат да нараснат час и половина, покриени со крпа. Секое тесто се дели на ист број делови. Начинот на формирање на шарките : од светло кафеаво тесто се формира облик на пура која се обложува со темно кафеаво тесто и на крај се обложуваат со бело тесто. Добиените теста се редат едно врз друго во калапче за леб обложено со хартија за печење. Се печо на 170 степени 40 минути. Го правев прв пат,но гледам дека ќе ни биде често на мени
Нашата скромна трпеза.. Топено сирење со свински врат и кулен во него, ребра, руска салата, зелена салата, една риба со компирот од вчера останати кифли, мини даска со кашлавал, св.врат, чајна и кулен.. пудинг тортички и ресана колаче.. И да.. пред да почнете да ми се смеете, мушамчето ми е од нова година ама што да правам кога мојов не дава да го извадам.. убавко му било
@Dust тоа во џонито домашна лоза ли е? Гледам чаши за ракија ставено ракија нигде на масава. Чаршавчето да не речеше немаше да забележам дека е новогодишно ми даде скроз преубав шмек на масата. Не го вади.
Џонито(и се што е слично на ракија ) мојот сака да го пие во чаши од јегер специјално купени од фабриката на Јегер.. а тие што идат слични со Јегерот не ги сака. Емотивец јбг Чаши за виски и коњак не признава, џабе ми фаќаат прашина, само за гости ми се. А едни убави кристални што се..типичен балканец Иначе уште не научив како ги вадат тие пластиките од џони и џек за да ги полнат пак
Такви се шишињата без пластики внатре: Овие се за две три евра поефтини зошто идат без картон, односно кога се на акција се продаваат само флаши. Најчесто се палети оштетени во транспорт каде кутијата е нагмечена и слично. Иначе стварно чуден маж имаш на тоа мезе на маса да пие Џони или има јак желудник(да не поврати*) или мезето не му е битна ствар за пиење како полјаците (они водка пијат буквално со се што можеш да замислиш).
Ова моево а и сите што сум ги земала досега имаат такви, не сум погодила некое без...немам среќа да фалширам лажен џони Spoiler: Пластики . Он пие што ќе му дадеш, нема истенчен вкус како мене А вчера сакаше ракија ама му текна дека заборави да си земе ракија од кај што ја чуваме мислејќи дека јас сум го обезбедила а не научи уште дека не сум сонце секаде да огреам две раце и еден мозок јбг Иначе он би пиел било што, што лути на јазик со мезе како зимоска со другарите, откако испија што можеше да се испие, ми го испија и румот со мезе зелена салата, сирење и туршија. Комбинација боли глава За добра свиња нема лоша помија
Дечки, до недела ако сакате слободно поставете слики, после ќе менуваме тема штом нема заинтересирани