Солен колач ли е темата?Само што сакав на инста да постирам гледа можам тука. Еве проја со сирење од мене Spoiler: Рецепт
Солен колач со спанаќ 4 јајца 1/2 лажиче сол 350 гр брашно 1 прашак за пециво 200 мл јогурт 120 мл масло 130 гр спанаќ Се прави многу лесно и брзо. Спанаќот кој го користев беше замрзнат, го одмрзнав па го додадов. Се меша се и се пече 30тина минути на 180 степени.
Леле не победив Сум имала и конкуренткаА кога беше гласањето ниту видов ниту ми текнаЌе си фаќав врскиЧеститки @♡BuBaLe♡
Ме загрижува слабиот интерес на темава Едно време беше многу активна... Што велите за тема САЛАТА? Зеленчукова, овошна, мајонез, месна, посна.... каква било
Реин реши да нема гласање во другата тема како што си имаше, туку кој има најмногу лајкови да победи .
Да ја отворам темава Денешниот ручек, да го наречам ПРОЛЕТНА САЛАТА Една марула, половина краставица, младо кромидче, една конзерва туна, варени јајца зачинета со маслиново, сол и рака сончогледови семки.
Домат, краставица, двопек, сирење, кашкавал, малку масло, одозгора наросив и сусам и рузмарин, во прилог црно лепче.
Поховани пилешки прсти, похована тиквичка и сирење. Печена пиперка зачинета со маслиново масло и оцет и малку лук и Таратур.
На загреано тавче со малку масло ставив лукче, додадов спанаќ, матени јајца, зачинив со сол и босилек, на крај додадов домат.
Мојот брз ручек.. На маслиново масло пропржувам пиперчиња, додавам домати...пред крај додадам ненормална количина сирење.. и одозгора сирење.. Меѓувремено тостирам лепчиња и така
Палачинките се правени по рецепт од Dave'kitcehen и ми испадна малку густа смесата па додадов малку минерална вода, a декорирани се со топка сладолед (чоколадо, лешник и карамела) Инаку кремот внатре е Линолада со парчиња лешник и е превкусен