Нема некој рецепт но ми е омилен летен десерт. Smores (кај нас мислам дека немаат некој адекватен превод) Една бисквитка, ред чоколадо, запечено маршмалоу (на сликата не е уште печено) и одозгора пак бисквитка.
Сладолед-бисквит торта Меркиве ми се од око сите, ама не е воопшто комплициран „рецептов“ па верувам ќе се снајдете. 1 пакетче мелена Плазма путер (од око ставав, неколку малечки коцки) 2 пакетчиња шлаг пена (чоколадо) 2 табли чоколадо од 100гр (по избор) кокосови трошки (или нешто друго по желба) овошје по избор Путерот се топи, се додава во плазмата и се прави смеса за бисквитот. Се натискува убаво во тавче и тоа е тоа. На страна се обработува шлаг пената, па ја истурате врз бисквитот. Чоколадите се топат на оган, потоа се истура врз шлагот, одозгоре ставате што ви душа сака. Јас ја обрабив тортава со малинки и во средина наросив кокосови трошки. Се остава во фрижидер 4-5 саати минимум (а може и во замрзнувач, само пократко) за да се стегне убаво и се крка.
Lecker! Преубаво испаднала, наздравје. Обожавам ноу бејк кејк рецепти. Многу е убава и со свежи јагоди (не знам зошто замрзнати јагоди ми се ептен невкусни, кашести и чудни па ги избегнувам), ама тука наместо чоколадо ставам ванила шлаг крем и одозгоре растопено бело чоколадо. Ванила-фантазија е. Еве идеја за некој следен. Да удриме на лапни-голтни тортиве.
Ќе удриме после лапни голтни на вагата Ќе пробам и со ванила, фала. Јас и печење торти сме скарани. Нешо вака за две минути.
Морав календар да отворам да видам дали е четврток е толку сум изгубена веќе, фала што ме тагна Патем мислам дека го купив истиот крем што го препорача..може и да е празно пакувањето Ќе има нова тема ако сакате Честитки @Mishela ..можеш да избереш нова тема
Ги листав темите што поминале, мислам одамна немало нешто чорбесто. Сакате ли манџи да правиме, или еве да биде пофенси - вариво? Не мора да биде нешто традиционално што асоцира на запршка и зејтин, туку баш така како што си готвиме вакви чорбести јадења за сркање. Разни зеленчуци по избор - нови и стари рецепти, секако и овие што стандард си ги вртиме по дома како леќа, грашок, боранија, гравче, зелка, компир...мислам дека има многу простор за различни рецепти па би ни било забавно. Друг предлог: крем-супа. Бирајте што ви фаќа око повеќе. Да заигра лажицата неделава.
Ајде на ручек. Црвена леќа. Рецепт посебен па и немам. Ставив: 1 главица кромид 1-2 моркови 1 шолја леќа (мерката ми е во Нескафе црвениот филџан) доматен сос зачини по вкус Кромидот го пропржувам на малку масло, кога ќе омекне додавам морков, малку да омекне и тој па ја додавам леќата. Кратко пржам колку да се спојат, па додавам вода од око и ставам една коцка за супа. Може и вегета, или воопшто не мора. Додавам доматен сос, од зачини сув домат, сол, оригано, бибер и тоа отприлика. За 15 минути е готова и спремна за кркање.
@Ava.84 по твојот германски рецепт само без сланина. Ова е друг левел на леќа благодарам превкусно Се запржува кромид и се додава зеленчук за супа (морков, праз и целер). Вода се става со коцка за супа растворено. Така се вари и на крај магдонос.
Моето вариво На малку маслиново пропржив лукче, додадов рендани моркови, сецкана зелка, младо кромитче, вода колку да ги покрие и зачинив со зеленчукова коцка за супа. Се вареше додека зелката омекна. На крај додадов сончоглед.