Тука сме, тука сме. Крем салата со киноа од мене. Порција колку за еден: киноа (ставам пола мал филџан) морков/и семки по избор (сончоглед, тиква, и сл.) павлака зачини по избор Киноата ја варам заедно со морковот додека не испари водата, ставам бибер, малку сол, лук во прав и оригано. Кога ќе се олади ги додавам семките, мешам со отприлика 2 големи лажици павлака, додавам магдонос и салатата е спремна. Претерав со магдоносот денес, ама ај...малку детокс на црниот дроб не е на одмет.
Ептен лесна, а многу вкусна салата. Свежа краставица ( количина по избор) и шунка исто по избор, павлака и сол и црн бибер по потреба. може да биде рендана или сецкана кој како сака. Напомена: Краставицата одкако ќе се исецка или изренда се става во цедалка да се исцеди водата од неа. Во фрижидер да отстои многу е освежувачка.
yes yes Умни сме бе ние глеаш колку сме тивки те подлажуиме да ни се придружиш па после забавата ќе почне
Крем салата од павлака На ситни коцки се сецка сланина , кашкавал и краставица .Се додава сецкани ореви ,лукче и се меша со павлаката .На крај се посолува и се додава сушен магдонос .
Свежа краставица, рендан малку морков, црвена зелка, марула, лук истолчен, мала лажица сок од лимон, павлака, многу малку мајонез. Се меша, сервира..пармезан и свеж рузмарин од горе за декорација. Ќе иде у комбинација со пире и мрвка. Извинување до веге лугето))
@zhap4e многу убаво изгледа никад не сум ги смешала овие состојки ќе пробам за ручек. А што ти е тоа мрвка?