Јас ретко користам зачини, но по желба секако бибер ако јадете оди добро со вкусот и сол. @piksooki @zhap4e превкусно! Третата е мајонезна со грашок.
А каде гласаме? Не сум нашла таква тема остај ми линк да не лутам (зш за рецепти ми фалеше месец дена да видам кај се )) @piksooki за тебе печен пинџур! Што мислиш ти така лесно ли ќе минеш во животот?
Па прашувај ти. Во оваа тема се гласаше порано. Даст ги ставаше сите слики и рецепти и имаше отворена анкета. Ама нешто сменија па, почна да се бира според број на лајкови на сликите/рецептите. Тој со најмногу лајкови победува.
Прашував порано гледам никој не ме *бе и си продолжив со животот Фала ти жапче за исцрпниот одговор. Сега ќе и пуштиме на @piksooki да победи за стимул
Полнети пиперки Spoiler пропржено кромитче, мелено месо, зачинето со сол, сув зачин,бибер, додадени ситно сецкани домати. Наполнети бабури, згора парче домат, неколку печурки околу и 40тина минути во рерна SPOILER]
Печен толчен пинџур. Се печат пиперки (црвени во мојот случај), домати и црн домат. Во сад за толчење се става лук и се толчи со сол. Испечемиот зеленчук се толчи во садот и се попарува со вжештен зејтин. Магдонос се достава дополнително. Се служи со беровско сирење, топол леб изваден од фурна и печен компир под вршник. Ако тоа го немате се прилагодувате )
Летна каша. Имево си го измислив Потребни состојки: Пиперки Патлиџани Лук Магдонос Брашно Зејтин Сол Секоја пиперка се сече на 2-3 парчиња. Се пропржуваат да фатат коричка. Се вадат од тавчето. Во истиот зејтин се ставаат 2-3 лаж брашно, да зарумени. Се достава вода 2-3 филџани вода. Сол по вкус, исто и сецкано лукче. Се рендаат 2-3 патлиџана или сецкани на поситно, се ставаат во тавчето. Се додаваат запржените пиперки. На крај се става магдонос. Да крчка на тивко 10-15 мин. П.С.Количините всушност ги ставам што би се рекло „одокативно“ Кашава нема крај со тазе леб и биено сирење
Не е чак омилен летен ручек, ама е со омилен летен зеленчук. Во план ми беше друго ама, ради киселини... Не го направив деновиве Мусака со тиквици Ко за тавава, две големи тиквици, дали и 200 гр мелено, пола главица кромид, 1 домат, за поливање...3-4 големи лажици павлака, 2 јајца. Кромидот се пропржува, се додава меленото..се пржи, зачинува. Штом испари водата од меленото, се додава сецкан домат и се пржат заедно, малку, колку да омекне доматот. Во подмачкана тава, се редат кругови тиквица, 1 ред. Врз него се става зарзаватот (веге луѓето можат да изберат замена)..се реди уште еден ред тиквици, се става малку масло врз нив и се става во загреана рерна на мах. Тиквиците инаку се малку посолени. Штом е готово, се полева со преливот и се става да се запече. И т'ј.
Печен пинџур по рецептот на @FreeMind . Не е лична сликава, ама превкусно беше. Немав магданос, сигурно уште повкусно е со магданос.
Да си ја испоштувам темата со една слика дури притисокот уште ми се крепи некако. Летна манџа. Од рецептот не знам дали има потреба, но нека оди да биде сè како што треба. Неколку исецкани пиперки ги пропржувам на малку масло, во меѓувреме сецкам неколку домати и ги додавам. Ставам многу лукче, без лук не ми е вкусна. Малку сол, бибер, оригано и толку. Кога ќе ги снема парченцата домати тргам од оган и кркаме со сирење и тостиран леб.
Врап со зеленчук и пилешки гради Не знам дали е типично летно јадење, ама зашто брзо се прави и јас го правам со многу зеленчук за мене е на летното мени дома. Се пече на плотна пилешки гради на тенко исечени. Се загрева секоја тортиља на тавче и во чинија се става кашкавал по желба( јас ставам гауда), мајонез, рукола, Марула, балсамико крема, патлиџан, авокадо и пилешко. Понекогаш варира составот според тоа што иамам во фрижидер.