Макало од зелена печена пиперка, истолчена со лукче. Се додава сирење во мојот случај е кравјо и се меша со малку маслиново масло. Одлично оди со ракија пред ручек и како намаз за на печено лепче. ПС занемарете околина, се спремаше скара во двор
Аууу утре ставам на маса. Како мене не ми текнала комбинацијава? Абе Кавадарци ти е најубав град во Мкд само они можат вакви мезлаци да принесат на ракија. Сум била у едно кафене (кафенево со две дрвени масички и ќумбе онакво пампор на дрва на патот накај Ваташа е). Кога извади газдарица на маса мезе за домача ракија се убивме од јадење и пиење лазевме до врата. Од едни тегли неккава туршија, нкоја запечена пиперка на пампурот со лук абе живот. Среќа бремена си ќе ти кажев за софрава Ала Болетус и Два Галеба.
@FreeMind освен еден симпатија на времето немам ништо друго со Кавадарци, дури ни ракија од тој крај рецептчево го добив од Кумановци, belive it or not
Леј еј се убив од победување Одма друга тема по муабетот со Паркерче нека биде “Мезлаци”. Даскичиња, мскичиња, салатичиња, намазчиња се што е добра подлога за ж’та. Кој не пие се разбира подлога за сок, водичка нешо.
Не се фали толку да не ти ја викнам @dunika партал правеше пред некоја година.Рецептите вакви и беа Aма сега има бебче па нема време за натпревари Еј Фри честитки стварно убав тој пинџурот конечно и јас рецепт најдов инаку јас плус и компир ставам ама гледаш не требало
Да @FreeMind Толку многу пати победив,та егото ми е до плафон,сега навраќам како visiting master chef,строго со покани(плука на стариот бунар) Твоите креации се за во магазин,не сум ни блиску до такви презентации Време имам,беба е многу културна,ептен западњачки се понаша,само ми фали мерак.Плус,не можам да ја гледам кујната од што сум нон стоп дома,на патлиџан и моцарела живеам. Ке пробам да ве дружам,има екипа сега.
Го познавам тоа чувство. Земи си оддишка од кујна додека не почнале три оброци и две ужини на ден у регуларна база плус пута три за избор. А мене остај ме ќе се снајдам на темава со аматеркиве (шала)
Ете гледаш микс сум направила.Слушав тетка ми прави пинџур мислам со суви везени ама еве никогаш не сум ја прашала како и јас си измислив мој.Со модар патлиџан, патлиџан, компири, пиперки, ставам и кромид да се пече.После се мешам и сецкам лук и полевам со врел зејтин.Овој е аваџурАма превкусен е стварно
Да ја отварам темава да ви дадам поттик и секако да ја налутам @danichap јел ми се може Нихт драматиш идемо: Мезе се состои од: - пита со праз -млад кримид, домат и магдонос - сирење во фолија - морков салата или народски ќе ја најдете како зејтин салата - намазот на паркерче (превкусен) -печена пиперка во лук и оцет -полнети пиперки со урда -фурнаринки -таратор - тесто полнето со зеленчук и прелиено со топен кашкавал -печени компири во релна И како оди преливањето: И кило ракија се разбира оди со мезево.