Леле жени отварам ја темата после 100 години и не сум рамнодушна на специјалитетите што ги гледам @FreeMind лиги ми потекоа за даската, безпрекорно е направено, само уште да ни кажеш како го направи тестото се зеленчук? Јас од сега сум на одмор, па ќе имам време да пробам нови рецепти Онака готвам колку да преживееме
Фала мила. Јас со тесто сум скарана, еве ова е од реве Мали коцки сечеш, ставаш што сакаш, го правиш како топче и премачкуваш со жолчка. На 180 степени.
Заборавив да ти кажам кашкавалот се топи во павлака за готвење. Да не го ставиш директ во тенџере и да си ставиш пет саати рибање тенџере
Топчиња од мелено месо, пржени па крчкани во домат и лук (во лист од марула). Тркалца колбас со пржени ленти пиперка (на стапче). Маслинки, тиквички лук магдонос, пржени компири, залчиња пилешки прсти, кремаста урда со пиперка.
Палачинки со крем сир ,салама и павлака,бомбици солени со зденка,еклерчиња полнети,попај ролат ,кулен,чајна ,кашкавал овчи,пршут,и сендвичиња боцкани со лебце,чајна кисела краставичка и кашкавал. Пријатен апетит,овај е еден од многуте ордеверчиња и не можев да се одлучам за кој сите се
Јас скромно , да не се вадам со изговори, толку можев сега. Бидејќи од вчера сум без лекови отворив и флашата од @FreeMind . Полн погодок Фри, вкусот целосно си ми го погодила. Уште еднаш фала, и од мене и од Тозо. Он е на трета чашка, јас втора, ама мраз ладно баш лизга низ грлово
@danichap не ти кажав дека брзо опива виното 23% алкохол беше ако не се лажам Порт вајн се најсилните вина во светот навидум благички ама после три чаши диско чочек Мило ми е дека Тозо го бендисал. Она со пиперки ти е кашкавалче? Од Кауфланд? Вкусно е? Никад немам купено ама ќе идам да земам за викендов.
Диско диско ако ми треба кума ќе те барам Од РЕВЕ се, немам тука кауфланд, ама сигурно исти де. Зелените полнети пиперчиња се топ, ама одма ги изедов, не дочекаа фото финиш.
Роловано пилешко со кашкавал,шунка и сланина со потпечен компир,морков и кромид Салата од урда,павлака,семки од сончоглед,тиква и пропржен сусам