Темава почна и смисла да губи.. прво Фри имаше ставено 2 слики со различни салати, сега дани две мезиња Ако не да си ставаме слики како во ФИ.. рандом секој ден од мезето Мислам нема поента да има натпревар ако сите учествуваат со 1000 предлози.. #ДонтХејтМе #МрчалоНаГодината
Јас не гледам ништо лошо во тоа секако е ова натпревар од забавен карактер за да се посмееме. Колку е послободна темава ќе биде поубава. Може некој направил две даски како Дани нека ги стави двете. Ма уште три нека стави ако има повод да бидат направени Секаде правила правила, да олабаиме барем овде. #контрамрчало на годината
Види Фри.. Ми е гајле со колку слики ќе се пријавите..не сум веќе мод за да се замарам и притресувам за безврска Ама темава постои 3 год од пред ти за се зачлениш на Фемина и има правилник.. Некој измислил правилник затоа што не може се на форумов а и во животот да е забава.. Ова е натпревар.. Јес да е од забавен карактер ама е натпревар. За забава постои Фемина Инстаграм.. може таму човек и 200 слики денес да постира.. Едноставно се губи смислата на темата.. Немој погрешно да ме разбереш..ништо лично ни против тебе ни против Дани.. Знае она колку си ја сакам..а и тебе
Што ќе ти е модераторска позиција на таков лик како што си ти, добра одлука Одлични подточки за да го сумираме разговорот. Постои пет години и изгубила смисла и активност како таква како што разбрав. Сега е повторно активна и добро би било да се внесе свежина и со нови членови и со нови идеи ако ми дозволиш. Можеби некој направил подобра слика или едноставно сака со друг рецепт да учествува па може да ги стави двете (десет слики ват евер) и во контакт со модератор нека одбере со која ќе учествува. Само како идеја да не биде ригидно со правила. Нема потреба. Затоа и умираат темите. Од тие строги правила на оддржување тема. Затоа умреа и форуми. Сепак станува збор за натпревар од јеловник. Јас не верувам дека некој на темава има против на двете мезиња од Дани освен на модераторот и правилата кои се поставени. И чим станува збор за моите свети салати...секако дека е лично! (Се зезам знаеш
Тоа е работата..веќе не може да одбираш со која ќе учествуваш.. Ставија клуч на темата што ја отворив кај што се гласаше, сега се е на база на лајкчиња.. Не можеш да одлучиш која ќе ти ја лајкаат кога веќе си ставил повеќе Не верувам дека и модераторот има нешто против сликите де Туку вака од неутрална страна (неМод, НеПостирач итн) да кажам Уживајте да не офтопицирам веќе..
откако го видов во темава мислам дека не спиев додека не го напраив. Пинџур со сиренце на страна секогаш, ама унутра не сум стаила. Денес беше Д денот за правење....прсти појадовме со мажот
Не знам за вас, ама и три даски се малку за Фри да ја симне човек од фотеЉата.... ЖиВели @Dust @FreeMind не се радуј предвреме, имам време за уште една
Се важи вакво нешто од архива? Не ја ставив порано да не ви зимам победа,туку пред затварање на гласачките места
Ако ако Фри виното го лади веќе, за да слави. @FreeMind не ми личиш за чоек кој слави со шампањ, или?
Шампањ за аматерки да отворам? Пффф За вас пиво само некое безалкохолно само да пуфне тапата пуф онака нечујно. Учете другарство што е @hello-kitty.90 се знае се чека додека не победам