Ме опи Фри со виното. Тактика опиј ја конкуренцијата. Искористив џокер, џабе ми е сега даски. А мигдалите ги тинтрев, редев, за сликО. џабе
@RainBow, прогласувај победник - @FreeMind. @danichap, друг пат не се продавај само за едно винце. Бар не без плус даска со мезиња)) Фри, давај тема.
@LiliBoz што ти би сакала да јадеш? Дај нешто комплицирано да ти понудиме на трпеза. Само без свињи аман жешко е притисок се крева од мрсно.
@FreeMind превкусно изгледа навистина, одлична слика. Јас и маж ми да седнеме ни кило ракија нема да не оправи. Кажувај сега нова тема.
Ептен ме бива за во кујна,ама за да стигнам до победа ми фали апаратот на @FreeMind Колач/торта со вишни
И јас да учествувам во темава raw cake бидејќи постпородилна дебелина. Рецептатат ми е од mojafitnessmama. Подлогата не се гледа ама е од сурови бадеми, урми и малце сол. Горниот е од сурови индиски, малини, кокосово масло, ванила есенција, агаве сируп за поблагичко и малку лимонов сок. Ептен е лесна и освежителна
Море, сите готвите од око?! Никој ништо не мери? Ни јас. Ај, за даски и салати, јасно е, ама десертите си сакаат лабораториска прецизност. И не го велам јас, туку врвни слаткари. @hello-kitty.90 , @Frosty! натпреваров е пред сè за рецепт, а не фотографија... Редактирајте, дополнете сликите, па ќе ве гласам.
нешто не можам на постов да редактирам па ќе си реплицирам сама. За основата: 90 грама урми или во број 15-15 пола филџан бадеми (мерев со тие за кафе 250мл) малку сол Фил: 230 грама индиски (киснати во вода преку ноќ) 50 мл. лимонов сок 40 гр. кокосово масло 70 гр. агаве сируп 3-4 капки ванила есенција 170 гр. малини Бадемите и урмите со солта се блендираат и се тапкаат во тавче бр.17. Водата од индиските се фрла и со останатите состојки за филот се блендира и се става врз подлогата. Се декорира по желба. Мене ми беше поголемо тавчето и мм праеше некои математики, ама таквата рецепта не знам кај отиде. Со малце повеќе од состојкиве.
Да дојдев јас да сликам плус 20 лајка имаш на конто. Крени на светлина и од доле нагоре сликај. Моеш и истиот Ич не ме бива за благо али чим Лили бира ќе идам со топло ладно
Да ми кажеше некој дека во 2020 ќе ме тагнуваат во теми за готвење Ќе се потрудам, до кога може да се објави?