За мојата @LiliBoz еден куба либре и едно еспресо со колач топло ладно и сируп од јагоди врз сладоледот од ванила и црна цреша
ќе ти се "одолжам" за ова со лилибоз торта (која мислам ти не ја знаеш) коа ќе дојдеш кафето како јаготка на шлаг.... совршено.
На тАј коктелот не ти текна мене да ме потпишеш? Ако... Ќе има тема и од манџа. Па коа ќе курдисам зимниците со 3-4 чешита домашна ж'та има да рикаш
Тај е на Лили омилен. Ти одма да си порачаш ќе ти направам и ќе ти го курдисам на слико. И да стаиш фотка со ракија во чоканче како за мене.
Чоколаден чизкејк За основата: 200гр мелени бисквити, 100гр мелени ореви, две лажици еурокрем, седум лажици растопен путер и еден ванилен шекер. Фил: 1 пакетче чоколаден шлак крем се мати со млеко, хопла со 70гр шеќер во прав се пати и се спојуваат со шлаг кремот и се додава 400-500гр еурокрем чоколаден.
@zhap4e ти на одмор да не си? Следна тема слатко кисело @RainBow можеш и ти да се покажеш како готвиш @LiliBoz месарите имаат предност па повели распостели се @Bubce38 да ја видиме твојата креативна страна свинско во сос од ананас и мигдали
Забрането ми е чак и да помислам на благо а и на режим сум со мерење шеќер. Боље да не мислам на вкусни јадења
Преубава, лесна, освежителна, баш летна торта. Рецептот го имаме со години, од еден проспект со рецепти на Dr.Oetker Идеална за овие летни жештини АНАНАС ТОРТА Бисквит: 2 белки 4 жолчки 100 гр шеќер 1 кесичка ванилин шеќер 100 гр остра брашно 1/2 лажичка прашок за пециво рендан кора од лимон од 1/2 лимон малку рум Крем: 1 конзерва ананас 1/4 л сок од ананас ( од конзервата) 1/4 л вода 40g густин 50гр шеќер 1/2 л хопла 70 гр шеќер во прав Постапка Ананасот се цеди и се сечи на коцки. Густинот, шеќерот и 4 лажици сок од ананас се мешаат а останатата течност се става во тенџере на оган и се вари крем по постапка како пудинг. Хоплата со шеќерот во прав се мати во цврст шлаг. Откако кремот ќе се излади, се меша со хоплата и се додава ананасот. За бисквитот, посебно се матат белките, посебно останатите состојки освен румот и на крај се соединуваат и се печи 25 мин на 180 степени, по што се остава во исклучена рерна, без да отвараме, уште 20 минути. Кога ќе се излади, се сечи на две теста,кои се полеваат со рум разреден во малку вода, па се мачкаат со крем. Целата торта се украсува со слатка павлака и неколку парчиња ананас.
Трилече - омилен десерт периодов кај нас. Spoiler: Рецепт 400гр. брашно се меша со прашок за пециво. Во два посебни садови ставаме по 110гр.шеќер и по едно пакетче ванилин шеќер, плус делиме жолчки и белки во секој сад(6јајца). Мешаме додека шеќерот не се растопи. Ги соединуваме сите состојки и печеме 10минути на 200степени и уште 20мин.на 170°. Откако ќе се излади пандишпанот во тепсијата додаваме претходно измешани 800мл.обично млеко, 400мл. слатка павлака и 300мл. кондензирано млеко. Оставаме неколку часа да постои и подоцна го мачкаме со карамела. Поубаво е кога ќе отстои една вечер во фрижидер.
Некако се продолжи со летен колач и така остаивме. @RainBow ако сакаш смени наслов во слатко кисело да видиме домачициве што ќе зготват.
Пилешко во слатко кисел азиски сос со нудли. За 2 лица потребно Пакетче нудли 200 гр пилешки стек 3мл(мали лажици) мед 1 филџан соја сос 1 филџан кечап 3-4мл кафеав шеќер сок од еден лимон Сусам, лук, ѓумбир, црвен и црн пипер, чили, сенф и сол. Се маринира стекот 2-3 часа во лук, сенф и лимон, маслиново и малку мајонез и зачини по желба(јас ставам сол, црн пипер и ѓумбир во прав) Потоа се пржи убаво да зарумени, се трга од оган. Се мешаат медот, соја сос, чили сос 2-3мл, кечап, шеќер, лимонов сок од еден лимон, лукче ситно сецкано, малце сенф, чили во прав, ѓумбир и се става сосот да се згусти малце на оган, кога ќе стане како леплив сос се додава стекот и се пржи заедно додека не се залепи скоро целиот сос за стекот па се ставаат сварените нудли внатре и се меша додека не се впие сос и во нудлите, се става на крај сусам кој е предходно малку запржен. Јас си го комбинирав со салата од крставица, грчки јогурт и лукче(како густ таратор)
Фала многу. Може ли ладни салати со тестенини?( деновиве желба добивам за вака лесен ручек ама има еден куп по интернет и не можам да се одлучам) @RainBow
Салата со кус-кус и ракчиња. Spoiler: Рецепт Се вари кус-кус и се остава да се излади. Ракчињата ги пржам на путер со многу зачини ( сушен магдонос, босилек, црн бибер, малку црвен, лукче во прав, турмерик и сок од лимон ). Салатата е од краставица, шери домати, авокадо, ротквица. Ја зачинувам со сок од лимон и лимета, сол, црн бибер и малку маслиново. Се сервира се заедно во чинија. Настрана ставив и малку кашкавал со нане.