Те демнам постојано со хранава, се гледа дека имаш пасија за готвење, секое едно јадење ми се допаѓа а сум прибирлива, за сликање па ни зборз се гледа дека уживаш. Ми се допаѓа како спојуваш состојки, се што јас сакам да јадам а ме мрзи да си напраам искрено. Пред едно 3 години иста бев ваква, ама преоритети, дете стана големо си бара внимание, дома, работа, турболенции а толку ме фаќа мерак. Сега плус жешко е се тешам, од есен може ќе се наканам и јас. Мислам да сликаш патлиџан на парчиња у чинија ќе изгледа профи сликата од тебе Кога сум тука и ти делам комплименти за нешто што имам заедничко со тебе ама у моментот сум голема флегма од жешково да те поздравам само hug:
Јас се релаксирам со декорација, но не и со готвење. И кога сум мртва уморна си принесувам макар и сама на себе како на кралица. Се тоа да ми биде прикладно за око. Мислам дека сум си заслужила зарем не едит: исто сум премногу специфична за прибор не пијам од секаква чаша било што исто и чинија. Тие се тие маани
Еве неколку предлози : 1. Такос 2. Kid-friendly рецепти ( што ги правите често со децата ) 3. Рецепти со алкохол ( на пример ручек со вино, десерт со рум и сл. )
Тема ти е слободно изразување на стакло со масло Рижото рецепт тураш зеленчук и ориз во тава на тивко и се тоа фино го ставаш во сад за декорација. И трето не знам што да дополнам
Па добро убаво прашав што е темата и зошто нема рецепт, ич не мора да си дрска слободно изразување на стакло со масло.. А може со сало? Се знае по правилото дека треба рецепт, не е од вчера тоа. Па и ризото нека е... што дека не е научна фантастика? Па за обични палачинли од вода јајце и брашно тука цели фермани се испишани, не па за ризото Мислам @CrazyOne или да воведе ред на темава или оваа нека иде у пм како и ред други теми.. пошо не е ни натпревар веќе Само 3-4 души се веќе и онака на темава, сами си прогласувате победници, сами си смислувате слободни теми а насловот уште несменет... Плус тоа победник според правилата се изгласува во четврток сабајле, не во понеделник И џабе мрчам ... плукајте ме колку сакате не се замарам
Не те сфаќам даст why you are so serious? Прво со тебе не сакам да сум дрска ниту сум. Второ вај се замараш толку?
Затоа што уплескавте мал милион теми на форумов. Не ТИ туку група на луѓе..да не се најдеш навредена. Жал ми е кога гледам тема која што со љубов сум ја модерирала да ја уништувате кој како стигне. Има ПРАВИЛА ..не знам зошто е толку тешко да се почитуваат? Кога одиш во банка почитуваш правила? Кога се мешаш со луѓе и треба да ставиш маска, почитуваш правила? Кога оставаш коментар на некоја група на ФБ, почитуваш правила? Да е без голотија, без навреди, да се се почитуваат правилата - ако е група за купувам продавам да не постираш политика, ако е група за миленици да не постираш коли за продавање..итн итн итн Пааа зошто е толку тешко тоа и на форумов да се почитува еве не ми е јасно?! Жал ми е кога гледам нешто што растело и се развивало со наш труд да се уништува. Исто како кога ќе засадиш цвеќе и не сакаш да ти се исуши ... Ајде ќе глумиме антагонисти за без врска..мислам глупости
Дој да те гушнам И не, не сум дрска со тебе. Сум била модератор 15 години и ти ги знам чувствата. Само што од оваа дистанца гледано на тоа мислам дека нема потреба. Само тоа. Не ме сфаќај погрешно.
Ајде една тема одберете од трите горе да се постави, слики ќе може да се ставаат до следниот четврток, па во понеделник ќе биде прогласен победник и нова тема, за да се фати некаков ред. Да не должиме, нека биде третата тема, имате и време за готвење, цела недела. Рецепти со алкохол е темата.
По дооолго време дојдов да ја ѕирнам омилената ми тема... иии Зошто нема натпревар? Зошто е заклучена темата за гласање? Готвачкиии што Ве нема... ФИ е преполн со слики! Темава ми беше омилена на времето Покрај убавите фотки и рецепти имаше и натпревар, мали закачки и зезанции... Неделните победници со слика и рецепт одеа во ФЕМИНА.МК - рецепти И сега видов добри рецепти, прекрасни фотки и вешти готвачки... не дозволувајте темава да згасне Хмм... изгледа е време за РЕСТАРТ на Фемина готвач 1, 2, 3... СТАРТ
1.Алва (домашна, старинска, со гриз, со нутела...) 2.Модер патлиџан (како салата, полнети, поховани, на коцки со лук....) 3.Полнети патлиџани со...(грав,мелено месо, урда...) 4.Рецепти со урда (салати, полнеж со урда, бомбици, употреба на урда во благи јадења...) 5.Употреби кари 6.Овошна салата Еве неколку идеи за ви иднина