Чекам еве Рефка и други да ја победат, конечно. Ја на трудноќа ќе се вадам))) с'клети ме фаќаат..битно е да се учествува и такви ствари
Ако има многу интерес на тема модар патлиџан да наберам 3-4 вреќи и да пуштам за продавање?! Вие само имајте желба за готвење, ептен евтино ќе го шитнам
Кога ќе ве видам вака наредени една по друга срце не ми дава да се правам наудрена Нема да готвам црн патлиџан. На диета сум во следните неколку недели. Ниту гледам храна ниту отварам такви теми. Само Лили и Бубче ако зготват викајте да ги “изнагледам”.
Eggplant rollatini Spoiler: Рецепт 1 голем црн патлиџан се лупи и се сече на тенки ленти вертикално. Се посолува и се остава пола саат. Во меѓувреме во тавче со маслиново се пропржува мала главица кромид, 2-3 чешниња лук, 1 исецкан домат, доматно пире, исецкан магдонос, црн пипер, сол и сушен босилек. Се вари на тивко околу 20 мин. Во друг сад се спрема смеса за полнење од 1 кутија рикота сирење или урда, 1 јајце, рендана моцарела, пармезан, магдонос и црн пипер. Парчињата црн патлиџан се поховаат. Прво во јајце, па во презла мешана со пармезан и сушен магдонос. Кога ке се испржат се полнат со 2 лажици од смесата и се виткаат. Се редат во сад во кој претходно се става 3 лажици од сосот со домати и врз нив се става и остатокот од сосот и пармезан. Се печат околу пола саат на 180 степени.
Похован модар патлиџан со кашкавал. Јас го олупив пошто немаме обичај да го јадеме со лушпа. Сељаци, шта ќеш) исечен на тркалца валкани дел во прво јајце па смеса од лебни трошки и пармезан и дел во јајце и смеса презла, сол, сусам. Печени на 220 дур не заруменат малку па направени сендвичи од по две тркалца со кашкавал измеѓу. Кашкавал изрендан од горе и зеленикави мирудии од горе. Се јадеше у комбинација со поховано пилешко у јајце па у смеса брашно, црвен пипер, бибер, лук во прав, сол..салата и за другите пире. Ногу не ареса вкусот.