сигурно, пробај. Јас истото го мислев за следен пат..да испечам вака тиквици,чак и без кашкавал,само поховани со истото ако правиш со кашкавал, во исклучена рерна стави ги сендвичињата. Она веќе ќе е топла, не ти треба многу, само да се растопи кашкавалот. Давај, Лили. Не забушавај
Честитки Жапче, сосема заслужена победа, направено со многу внимание, посветеност, жар, елан и многуу љубов.
Пита со јаболка Пандишпан: 4 јајца 16 л.шеќер 16л.брашно 16 л.масло 16 л.млеко 1 пециво За фил: 1 кг рендани јаболка -се динстаат на пареа со 2 л.масло од тиква и 2 ванилин шеќер. Се матат јајцата и шеќерот па се додаваат останатите состојки. Половина од смесата се става во тавче и се пече 10 минути на 180 степени. Изладениот фил се додава одозгора врз запечениот пандишпан,па остатокот од смесата за пандишпан. Продолжува да се пече на 180 степени уште 30-35 мин-дури да порумени.
Колач со јаболка Состојки: 2 јајца 100гр шеќер 1ванилин шеќер 100мл зејтин 100мл млеко 40гр растопен путер 14лажици брашно 1пециво 2 јаболки 1 лажиче цимет Шеќер во прав за наросување Јајцата се матат со шеќерот и ванилата. Кога добро ќе се изработат се додаваат млекото, зејтинот и маргаринот. Се меша убаво и се додава брашното со пецивото и циметот. Кога сето добро ќе се соедини се става во тавче/куглоф намрсен со маргарин. На крај се додаваат јаболките, претходно исецкани на коцки, а може и рендани. Го печев на 180 степени околу 40 минути. Кога е готов, се остава да истине и се наросува со шеќерот во прав. Убав и брз колач, и не беше многу благ.
Колач со јаболко и цимет. Се рендаат 5 јаболки и се оставаат да стојат 1 час со 1 пакетче ванила, 1 лажичка сода и 2 филџани шеќер. Јаболките ке си пуштат сок. Потоа се додава пола филџан зејтин, 2 лажици какао, цимет, 1 пециво и брашно по потреба (околу 4 филџани). Се меша се заедно и се пече на 180 с.
Торта со јаболка Пандишпан: 6 јајца 6 лажици шеќер 8-9 лажици брашно Половина прашок за пециво Фил со јаболко- 5-6 поголеми јаболка излупени и исчистени се сечат на поголеми парчиња, се става 200мл вода, шеќер по вкус (зависи от тоа колку се благи јаболката), ванилин шеќер и се пржат. Откако испари течноста се ставаат и 3 лажици густин и се трга на страна да се излади. Фил со пудинг-во 600мл млеко се варат 2 пудинга и се тргаат на страна. 1/3 маргарин кристал се обработува со шеќер во прав (ако не е доволно благ пудингот) и се соединува со него. За премачкување-шлаг пена Бидејќи пандишпанот ми излезе потенок, над филот со јаболка ставив и еден ред бисквиди претходно потопени во ладно млеко.
Ле француска пита со ле јаболка За тестото: - 300 гр. брашно - 1 лажиче ( без лажичето ) прашок за пециво - 1 јајце - рендана кора од 1 лимон - 150 гр. шеќер - 150 гр. путер - прстофат сол - малку ладна вода ( по потреба ) За филот: - 500 мл. млеко - 2 јајца - 4 лажици шеќер - 2 лажици густин - 1 кесиче лимонтус ( у оригиналниот пишува лимон шеќер ?? ) За одозгора: - 3- 4 јаболки - 3 лажици шеќер - цимет Подготовка: Во оригиналниот рецепт се цепидлачи со ова или она посебно се микса и мати, а јас како нетрпелива и без многу време на располагање, тоа состојките за тестото сите ги ставив заедно,ниту миксер и мучкање посебно јајца бла бла....замесиш ронливо тесто ( ако се лепи ставиш малку брашно, ако не се соединува, водичка ладна ). Замоташ у фолија тестото и на одмор у фрижидер 2 часа. Во меѓувреме се прави пудинг од состојките за филот. Се загрева млекото, се мучкаат заедно јајцата, шеќерот, густинот и тоа лимон шеќерот и се додаваат во млекото да се згусне како пудинг. Се остава да се лади. Јаболките се лупат и чистат, се сечкаат на половинки, чевртинки, па на ливчиња. Се ставаат во сад да се продинстаат без ништо да се додава, па потоа се става шеќерот и циметот и се крчкаат едно 5 мин. Се вади тестото, се растегнува на тепсија за тарт и на ивиците да се порамни, се боцка тестото, се става оладениот пудинг на него, а одозгора се редат јаболката и пак се посипува со цимет. Ова е за тарт тепсија 26 см. Се пече на 180 Ц едно саат време, ако е јака рерната ко мојата, по пола саат, намалете на 150 Ц . Се посипува со прав шеќер кога ќе се олади ( јас заборавив ). Ауууу ..што СЕ напишав !