Има по маркетиве шеќер со вкус на лимон, на портокал, на цимет... исто како ванилин шеќер, ама зачинот е друг, не е ванила во Веро најчесто ги гледам, сум ги купувала.
Лимон шеќер ти е шеќер со арома на лимон. Како ванилин шеќер, рум шеќер. Фин е, јак. Замена би ти било рендана кора од лимон. Не е кисел, така да не за лимонтусот. Поарно ништо...
Не сум видела, ќе знам и барам у Веро за да набавам. Кората од лимон ако треба да ја користам, го киснам одвечер лимонот во сода-бикарбона, тоа мајка ми одамна ми го кажала, затоа што многу се прска. А тој лимон што го киснев, заврши во тестото за кората
Рендана кора од лимон и портокал има во ДМ во ќесички како ванилин шеќер. Супер е, подобра опција отколку да рендам кора од лимони и портокали што не знам со што се' се прскани.
@CrazyOne ќе ја активираме темава за готвење? И така ќе ни стават по некој полициски час на сите па ќе имаме повеќе време за во кујна.
Ле ле. Недела дена пекам ММ по тиква да иде, колач некој со тиква сум нашла и ми се прави Ете мотивација плус да го избацам на пазар
Тикварник Се вари тиквата,кога е готова се пасира,се става шеќер по вкус,ванилин шеќер,две јајца,масло,млеко,1 пак.кокос.Се меша се и се печи. Се декорира по желба. Јас посипав со кршени ореви,лешници.
ЗДРАВИ КОЛАЧИЊА СО ТИКВА 200 гр пасирана печена тиква 100 гр рендано свежо јаболко 3 лажици кафеав шеќер ( во случај на недоволно блага тиква) Прстофат сол Цимет 2 лажици путер од кикирики 2 лажици путер од кокос 1 лажица мед 4 лажици масло 150 гр овесни снегулки 80 гр брашно Лажичка прашак за пециво Една рака суво грозје и сува аронија Со лажица за сладолед нанесов топчиња на плех обложен со хартија за печење и печев 20 минути на 180 степени. Минимум два часа да се изладат. Превкусни
Супа од тиква На малку масло се пропржува кромид и лук. Потоа се додава тиквата исечена на коцки и се пржи се заедно неколку минути. Додадов зачини (сол, бибер, кари), па вода и една коцка за супа и оставив да вари додека да омекне тиквата. Откако се свари, ја изблендирав и сервирав со павлака.
Пита од тиква Spoiler Ја правев според овој рецепт. Направив две, едната попечена излезе како што може да видите.
Happy halloween Милиброд со тиква. Тесто: 500 гр брашно 2 јајца 300 мл топло млеко(ставајте пополека, може нема цело да треб) 1 сув квасец 200 гр шеќер Еден ванилин шеќер 150 гр зејтин. Се размесува и се остава 10тина минути да одмори.Од тестото излагаат 3 топки т.е. три ролати.Се сука коцка, се става на тестото толчени ораси па се мачка фил и се прави ролат. Фил: Издлабеното од тиквата се вари со малку вода, 200 гр шеќер, кафено лажиче цимет и ванилин шеќер. Се пасира. Ако ви испадне по течнен филот , ставете две супени лажици пудинг од ванила, ќе се згусне. Озгоре се мачка со жолчка и се соли со шеќер. Вака направени трите ролати да се остават да надојдат. Се пече на 180 степени, 30 минути.
Да го фатам последниот воз. Супа со тиква. Ставав се од око. На масло запржив кромид и праз, потоа додадов морков, лук, компир и тиква и пропржив се заедно. Кога омекна зеленчукот, додадов вода, 1 коцка супа и нарендав малку ѓумбир. Кога се свари зеленчукот, го изблендав со рачен блендер. Лепчето го потпеков во рерна со маргарин и зачини. Декорирав со косела павлака.
@LiliBoz Ако не се гласаше на овој начин јас никогаш немаше да победам(многу битна ствар де) И јас сум за стариот начин на гласање,вака е кој прв постира - победник. -Ројал ајсинг колачи -Храна која ја имаме на Новогодишната трпеза -Јадење кое ме потсетува на детството. Ако уште има некој кој ја отвара темава нека помогне во изборот.