Нека следна тема биде Новогодишно мени Храна која ја имаме на Новогодишната трпеза,главно јадење,десерт,салата... Се надевам на учевство
Кај мајчичка..се гледа по миленцето.. за нас две трпеза наместо за тројца, богата и убава како многу години наназад.. Да ја испратиме лошава година со ребренце...очигледно уште полоша за мене дојде ама живот.. Среќна нова година на сите
ТУРСКИ ЃЕВРЕЦИ - АЧМИ Потребни се : 900 гр брашно 1 сув квасец 1 лажичка сол 1 лажичка шеќер 250 мл вода млака 250 мл млеко млако 150 мл масло 2 белки За премачкување 2 жолчки Сусам и црно семе Се замесува тесто и се остава да отстои 2 часа. Се дели на еднакви делови, од секој се формира плетенка и се спојува на двата краја. Се премачкува со жолчка и се наросува сусам и црно семе. Се печат 15тина минути на 180 степени.
Како е мртва темава,на профилна да ти се треба да се прифатат Стварно,штета што замре.Ај ке пробам да смучкам нешто,Турска кујна ми е во топ 3те.